Смртно убава (Drop Dead Diva)

ТВ серија за светоста на внатрешната убавина на човекот, наспроти променливата физичка убавина

„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Главни улоги: Брук Елиот, Кејт Леверинг, Маргарет Чо, Ејприл Болби, Џексон Харст, Џош Стембрг, Бен Фелдман

Креатор: Џош Берман

Жанр: комедија, фантазија, драма

Премиера: 12 јули 2009

Број на сезони: 2

Статус: трета сезона во тек

Времетраење: 45-48 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (42 гласа, просек: 9.19 од 10)

Loading...Loading...

—————————————————————————————————————————————
Сте размислувале ли некогаш колку вашиот физички изглед влијае врз оформувањето на вашиот карактер? Колку сте вие позадоволни од себе кога ќе се погледнете во огледало, толку посамоуверени ќе бидете и тоа чувство ќе го пренесете и во умовите на другите луѓе, кои ќе ве доживуваат на истиот начин. Но, без разлика дали физички изгледаме добро или лошо, ние луѓето сме вечно незадоволни од нешто кое го поседуваме, па постојано се обидуваме да станеме подобри, физички или психички. Оние помалку привлечните, а поинтелигентни луѓе, се трудат колку е можно повеќе да се разубават со шминка и облека, а оние кои изгледаат како фотомодели, се обидуваат да ја пронајдат длабочината и смислата на нивниот живот. Ретко кој се родил под среќна ѕвезда да ги поседува двете најбитни работи кај луѓето: интелигенција и надворешна убавина, но верувајте и таквите имаат многу мани.
—————————————————————————————————————————————

Младата Деб во ТВ серијата „Смртно убава“, ја има можноста да ги искуси двете човекови крајности. Таа е преубава, згодна девојка, која го има „момчето од соништата“ во нејзините прегратки. Нема постојана работа, но се труди да „заплива“ во манекенските води. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“? „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.

Приказна: Во серијата станува збор за една преубава русокоса манекенка Деб, која прави сообраќајна несреќа во која погинува. Нејзината душа влегува низ портите на Рајот, каде што дознава од нејзиниот ангел-чувар Фред, дека таа спаѓа во категоријата луѓе „нула“, што значи дека во текот на нејзиниот буден живот таа направила нула добри и нула лоши дела, односно била личност со површен карактер. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа. „Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.

Порака: Навидум изгледа дека станува збор за сапуница, која често ќе ве разнежнува, расплакува и расположува, но во суштина оваа серија има една фантастична длабочина, која нè учи да не сфаќаме сè, вклучително и телевизијата пресериозно. Има убавина во јадењето високо калорична крофна додека работите некоја напорна работа и во изгледот на човечкото лице кое нема совршени црти, моделирани со ботокс или премногу козметички препарати. Деб во Рајот не беше класифицирана како површна девојка поради нејзиниот изглед, туку поради плиткоста на нејзиниот карактер, а оваа серија ја истакнува токму човечката длабочина, на еден истовремено комичен и сентиментален начин. Карактерот на ликовите, а не физичката убавина на актерите, е магијата во оваа серија, со која таа успева да ја промени перспективата на гледачите за поимот телевизија, воопшто.„Смртно“ убава (Drop Dead Diva)Кога и како да ја гледате: „Смртно убава“ е ТВ серија „лесна за консумирање“, сами или во друштво, поради што само од вас ќе зависи во кој дел од денот ќе сакате да ја гледате и со кого. Лесно прилагодлива на вашето моментално расположение, оваа серија е одлично потрошено време за одмор и психолошка гимнастика на вашето „внатрешно јас“.

——————————————————————————————————————————————————————–

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар