Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)

Филм за проблемите и предизвиците на британската разузнавачка служба во времето на студената војна…

Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Режија: Томас Алфредсон

Улоги: Гери Олдман, Џон Харт, Колин Фирт, Том Херди, Марк Стронг

Времетраење: 127 минути

Јазик: англиски, руски, француски, унгарски

Премиера: 6 јануари 2012

Жанр: драма, мистерија, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 7.69 од 10)

Loading...Loading...


„Скитник, кројач, војник, шпион“ е филм снимен по истоимениот роман на Џон Ла Каре, напишан во 1974 година. Зборува за британската разузнавачка служба во времето на студената војна, за начинот на кој се справувала со проблемите, внатре и надвор од неа. Иако, екранизацијата на романот беше окарактеризирана како исклучително ризичен потег на шведскиот режисер, филмот сепак стигна до три номинации за Оскар, за најголемо филмско музичко достигнување, за најдобра главна улога и за најдобра адаптација на сценарио.

За разлика од досегашните шпионски филмови, во ова остварување куршумите се помалк убројни, драматичните „бондовски“ акции сведени на минимум, а интелигенцијата искачена на пиедесталот. Сцените се уникатни, тензични и непредвидливи, а фотографијата навистина беспрекорна.



Приказна: Шефот на британската разузнавачка служба – МИ6 (Џон Харт) се сомнева дека меѓу нив има шпион, кој со години им дава доверливи информации на Русите. Тој одлучува да поведе истрага, потпирајќи се на неговиот лојален пријател, агентот Џим (Марк Стронг). Го испраќа на тајна задача во Будимпешта, за да се сретне со унгарски генерал, кој треба да му продаде информации и да му го открие идентитетот на шпионот во нивните редови. Но, не оди сè по планираното, агентот е застрелан и операцијата се откажува.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Немајќи друг избор, шефот на МИ6 познат под шифрата „Контрола“ ја напушта функцијата, односно се пензионира заедно со неговиот пријател и колега Џорџ Смајли (Гери Олдман). Кусо после повлекувањето, умира. На чело на службата застанува Перси (Тоби Џонс). Во новонастанатите околности, Смајли одлучува да ја преземе истрагата која ја започна „Контролата“ и да го пронајде предавникот. Во таа мисија ги вклучува неговите луѓе од доверба, Питер (Бенедикт Кумбербат) и Рики (Том Херди). Но, шпионот ниту на повидок, се наоѓаат на крстосница без ниту еден знак…Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Филмот е мистерија до самиот крај. Колку и да се обидувате, нема да можете да ја одгатнете предвреме. Низ безброј заплети и неочекувани пресврти, прецизно е прикажано како британската разузнавачка служба функционирала за време на студената војна. Во текот на целиот филм службата ја нарекуваат „Циркус“. Тоа се должи на нејзината местоположба, бидејќи се наоѓала во близина на циркусот Кембриџ, а името на филмот доаѓа од старата англиска бројалица  „Tinker, Tailor, Soldier, Sailor, Rich Man, Poor Man, Beggar Man, Thief“.Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Глума: За улогите не би зборувале многу. Само ќе ви кажеме дека речиси сите глумци сме ги виделе во остварувања каде се надминале себеси. Ова не е едно од нив. Би ја издвоиле единствено руската актерка Светлана Кодченкова, за која можеме да кажеме дека одлично се снаоѓа во друштвото на големите ѕверки. Карактеристично е и тоа што покрај Кодченкова, во филмот се појавуваат само уште неколку жени. Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Кога и како да го гледате: За викенд! Бидете добро одморени и потрудете се концентрацијата да ви биде на исклучително високо ниво. Во спротивно или предвреме ќе заспиете или ќе останате со прашалници во главата. Филмот го заслужува вашето внимание, но не два пати. :-)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)Скитник, кројач, војник, шпион (Tinker Tailor Soldier Spy)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Petar Reply

    Браво за рецензијава, многу јак филм. Само две работи, Гери Олдман дефинитивно се надмина себе си со ова улога и второ филмов се гледат и два пати(чисто за да ти се разјаснет сите детали до крај)
    Поздрав!

  2. Lexie Von Raven Reply

    Со Gary Oldman нема грешка :) Несакам спојлер затоа и не ја прочитав рецензијава ,ама фала на потсетникот да го гледам.

Остави коментар