Рио (Rio)

Анимиран филм за менталитетот, за оној „северниот“, кој е стегнат, ригиден и на кој му се потребни решетките на кафезот, наспроти оној „јужниот“ исполнет со звуците на самба и сето тоа раскажано низ авантурите на две птици

 Рио (Rio)

Режија: Карлос Салдаjа

Гласови: Џеси Ајзенберг, Ен Хатавеј, Џејми Фокс, Вил Ај Ем

Времетраење: 96 минути

Јазик: англиски

Премиера: 15 април 2011

Жанр: анимација, авантура, комедија

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (32 гласа, просек: 9.28 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————
Анимиранните филмови уште одамна не се детска играчка туку сериозен продукт, кој веќе на големо ни се продава и нам, возрасните. Искрено, повеќето анимирани филмови не знам како изгледаат во очите на малечките, но за мене се повеќе од феноменални и релаксирачки. Стегнати приказни, сериозно динамични и сосема смешни, па нема зошто и на моите 28 години да не ги изгледам. По „Мегаум”, „Приказна за играчките”, на филмското платно ни доаѓа и „Рио”. И да, доколку претпоставувавте, името доаѓа од Рио де Жанеиро. Живи бои, силни звуци на самба, луди движења… и тоа е бразилскиот дух.
———————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Блу е редок вид птица во Бразил кој како малечок бил жртва на криумчари со ретки животни, но судбината го носи кај прекрасно мало девојче кое во него гледа најдобар другар. Години минуваат и, иако Блу е тропска птица, се навикнува на животот во снежната Минесота. Но, наспроти својата природа, тој живее постојано затворен зад топлите ѕидови на домот под постојана грижа на својата најдобра пријателка и газдарица, Линда. Сé до моментот кога ќе дојде орнитолог од Бразил кој ќе им открие дека Блу е последниот мажјак од неговиот вид и дека потребно е да се спари со женката Џул, која се чува во нивниот центар во Рио. Тие решаваат да појдат во Рио, но приказната тргнува наопаку кога Блу заедно со Џул повторно ги киднапираат криумчари.Рио (Rio).

Дали си тука за карневалот?
Не, треба да запознаам девојка.
Аааа, девојка. Мал совет – ти направи го првиот чекор. Бразилките реагираат на самоувереност.

Анимираната авантура за да се ослободат од канџите на злосторниците, воедно станува и суптилна паралела меѓу северниот и јужниот начин на живот. Блу премногу се плаши да преземе ризик во животот, па дури не знае ниту да лета. Сака да живее сигурно, мирно и секое попладне да ужива во какаото со шест манчмелоуа, кое му го прави газдарицата. Џул, пак, е импулсивна, брза и во постојана потрага по слобода… исто како стереотипните „северњаци“ наспроти „јужњаци“. А дали е тоа така и чиј живот е прав, а чиј е крив, секој гледач си одлучува за себе.Рио (Rio).

Мразам самба!
Тоа е малку предалеку
.

Ааааа, натерај ја злобната птица да го повлече тоа!

Музика: Во анимиран филм каде што гласовите ги позајмуваат Вил Ај Ем и Џејми Фокс, едноставно е непростливо да има лоша музика. Покрај тоа што поголемиот дел од саундтракот се песни кои ги изведуваат главните позајмувачи на гласови, се слушаат и песни од Бебел Жилберто, Серџио Мендез… Накратко музиката е одлична.Рио (Rio)Кога и како да ја гледате: Сепак, да не ја игнорираме светата и главна намена на анимираните филмови, а тоа е да ги развеселат децата. Па затоа, ако имате деца, нормално, гледајте го со нив. Но, ако сакате да си го проследите сами или во возрасно друштво, одберете некој екстранапнат ден кога никако не можете да се релаксирате. Иако и во друга ситуација ќе го почуствувате неговиот ефект, вака е само уште посилен.Рио (Rio)

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар