Ретро летна филмска плејлиста

Ретро летна филмска плејлиста

Бидејќи надвор е „пеколно“ топло, дефинитивно не би се осудиле да отидете на кафе со пријателите, на ТВ како и секогаш кога ви е најпотребно – нема ништо интересно, а веќе онлајн сте ги изгледале сите нови филмови и серии од годинава… Токму поради тоа решивме да ви составиме одлична филмска плејлиста од незаборавни ретро филмови кои со сигурност не сте ги гледале со години, но некогаш ви биле едни од најомилените. Погледнете ги наредниве неколку предлози кои ќе ви помогнат во разбивање на секојдневната летна монотонија и истовремено ќе ве насмеат до солзи.

1. Реге на мраз (Cool Runnings) – 1993

Ретро летна филмска плејлистаФилмот е базиран според вистинска приказна, а станува збор за првиот тим во боб-санкање на Јамајка, кој учествувал на зимските олимписки игри. Сѐ започнува кога Дерис Банок, поради глупава грешка нема да може да учествува на Олимпијадата. Бидејќи неговиот сон е да биде дел од овој голем настан, тој успева да собере тим и со малку среќа да се квалификува на зимските олимписки игри, каде што пријатно ќе го изненади цел свет.


2. Враќање во иднината (Back to the future) – 1985

Ретро летна филмска плејлистаМарти Мекфлај, типичен американски тинејџер од 80-тите, по грешка на малку лудиот научник кој експериментира со создавање на временска машина, се враќа назад во времето (во 1955 година). За време на својот необичен пат, Марти случајно ги спречува неговите родители во нивното запознавање и мора да најде начин да го поправи тоа. Ако не успее големи се шансите тој да прекине да постои.


3. Кукла: Во движење (Mannequin: On the Move) – 1991

Ретро летна филмска плејлистаМлад стажист во стоковна куќа се заљубува во кукла од продавница, за која многу брзо ќе дознае дека е селанка која била проколната пред 1000 години. Таа пријатно ќе го изненади кога ќе „оживее“, откако тој ќе го тргне прекрасното ланче од нејзиниот врат. Додека била замрзната, светот целосно се променил и таа ќе мора одново да го запознае и да се адаптира на новите правила и начин на живеење…


4. Полициска академија (Police Academy) – 1984

Ретро летна филмска плејлистаГрупа на добронамерни, но многу неспособни личности решаваат да се придружат на полициската академија. И покрај нивната бурна природа, многу брзо ќе дознаат дека нивните шеги не поминуваат многу лесно кај инструкторите. Но, како што ќе поминува времето така сѐ повеќе ќе сфаќаат дека нивните најголеми слабости можат да послужат и како најсилното оружје против криминалците.


5. Глупав и поглупав (Dumb and Dumber) – 1994

Ретро летна филмска плејлистаХери и Лојд се најдобри пријатели кои се познати по својата глупавост. Еден ден тие случајно ќе најдат актовка која без да знаат дека е полна со пари, ќе пробаат да ја вратат на својот сопственик во снежниот Аспен, Колорадо. Неволјите во кои тие ќе западнат одлично го доловуваат непишаното правило дека среќата целосно го следи глупавиот. Но, дали таа среќа ќе им помогне да се извлечат од проблемите кои ќе им ги донесе нивната добрононамерност?


6. Одличната авантура на Бил и Тед (Bill & Ted’s Excellent Adventure) – 1989

Ретро летна филмска плејлистаВо малото гратче Сан Димас, на само неколку милји од Лос Анџелес, живеат двајца на прв поглед многу глупави тинејџери – Бил и Тед. Нивната најголема желба е да основаат рок бенд, но бидејќи тие се на работ од паѓање година од образованието, можеби ќе мораат да го одложат остварувањето на нивниот сон на подолг период, бидејќи во тој случај таткото на Тед, ќе го прати во воено училиште. И баш кога ќе помислат дека не може да биде полошо, работите ќе тргнат на подобро. Руфус (кој е од иднината) ќе им помогне со задачата по историја, давајќи им временска машина која ќе ги одведе до најголемите историски места.


7. Посетителите (Les visiteurs) – 1993

Ретро летна филмска плејлистаСредновековен благородник и неговиот слуга случајно ќе бидат транспортирани во модерни времиња од страна на сенилен волшебник.  Благородникот и неговиот слуга, ќе пробуваат да се прилагодат на ситуацијата на многу интересен и уникатен начин.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. mac Reply

    Filmcinjata sto ste gi dale za predlog se epten super, samo 1 maana… kako uspeavte cool runnings da go prevedete vo rege na mraz :))))))

  2. Кафе пауза Reply

    Здраво Мац, преводот на името не е наш, така го имаат преведено многу македонски телевизии, бидејќи не може буквално да се преведе http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%B3%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D1%80%D0%B0%D0%B7

Остави коментар