Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

Легендарниот режисер Стенли Кјубрик, многу пред напредокот на технологијата, создал филмови за иднината, на кои не им се дораснати повеќето од модерните остварувања. Неговиот уникатен стил на режирање го издвојува од толпата и го вбројува во најдобрите. Ви препорачуваме дел од неговите најпопуларни дела, кои според многумина, се задолжителна филмска литература.Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

1. Очи широко затворени (Eyes Wide Shut)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: драма, мистерија, трилер

Јазик: англиски

Премиера: 16 јули 1999

Улоги: Том Круз, Никол Кидман

Времетраење: 159 минути

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Шокиран од признанието на неговата сопруга Алис (Никол Кидман) дека пред една година размислувала за неверство, д-р Бил Харфорд (Том Круз) се впушта во опасна ноќна авантура, која ќе го одведе на оргија под маски. Филмот е базиран на книгата „Новела за сонот“ од Артур Шницлер.


2. Полна воена опрема (Full metal jacket)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драма

Јазик: англиски, виетнамски

Премиера: 26 јуни 1987

Улоги: Метју Модин, Адам Болдвин, Винсент Д’Онофрио

Времетраење: 116 минути

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Во првата половина од филмот е прикажано регрутирањето војници во камп во Јужна Каролина, под команда на наредникот Хартман. Втората половина се одвива во Виетнам. Сега наредник е еден од регрутите, кој известува за случувањата на бојното поле за еден воен магазин.


3. Сјаење (The Shining)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: хорор, мистерија, трилер, драма

Јазик: англиски

Премиера: 23 мај 1980

Улоги: Џек Николсон, Шели Дувал, Дени Лојд

Времетраење: 142 минути

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Една студена зима, во потрага по инспирација, писателот Џек Торенс заедно со неговата сопруга и синот ќе замине на неколку месечен престој во изолиран хотел на планините во Колорадо. За време на престојот, кога големо невреме ќе ги отсече од цивилизацијата, ќе откријат дека хотелот е опседнат со духови.


4. Бери Линдон (Barry Lyndon)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: авантура, драма, романса

Јазик: англиски, германски, француски

Премиера: 18 декември 1975

Улоги: Рајан О’Нил, Мариса Беренсон, Патрик Меги

Времетраење: 184 минути

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Во 18 век, во мало село во Ирска, живее Редмонд Бери, млад коцкар и кариерист, кој е лудо заљубен во неговата роднина Нора. Откако ќе го предизвика и ќе го победи на двобој нејзиниот вереник, Бери бега во Даблин. На патот ќе биде ограбен и немајќи друга алтернатива ќе ѝ се приклучи на Британската армија, а подоцна и на Пруската. Таму ќе остане сè додека не ја сретне богатата вдовица Линдон, со која ќе се ожени и ќе се пресели во Англија.


5. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: криминална драма, научна фантастика

Јазик: англиски

Премиера: 2 февруари 1972

Улоги: Малколм Мекдауел, Патрик Меги, Мајкл Бејтс

Времетраење: 136 минути

Наша оценка: 10

Кратка содржина: Дејството се одвива во футуристичка Британија. Алекс е млад и исклучително насилен човек кој отслужува казна затвор за убиство и силување. Тој е дел од експериментална владина програма, чија цел е да ги натера затворениците да го презираат насилството. Неговата казна ќе биде намалена и многу порано од очекуваното ќе се врати на улиците. Но, не оди сè по планот на владата…


6. 2001: Одисеја во вселената  (2001: A Space Odyssey)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: авантура, научна фантастика

Јазик: англиски, руски

Премиера: 6 април 1968

Улоги: Киер Дулеа, Гери Локвуд, Вилијам Силвестер, Дениел Рихтер, Леонард Роситер, Даглас Рејн

Времетраење: 141 минута

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Филмот е приказна за еволуцијата. Човештвото забележува мистериозен објект закопан под површината на Месечината и со интелигентниот компјутер H.A.L. 9000 тргнува во потрага…


7. Д-р Стрејнџлав (Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: комедија

Јазик: англиски, руски

Премиера: 29 јануари 1964

Улоги: Питер Селерс, Џорџ К. Скот, Стерлинг Хајден

Времетраење: 95 минути

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Лудиот и параноичен генерал Мевосек започнува процес на нуклеарен холокауст, којшто група политичари и генерали во воената соба во Пентагон очајно ќе се обидува да го спречи.


8. Лолита  (Lolita)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: драма, романса

Јазик: англиски, француски

Премиера: 12 јуни 1962

Улоги: Џејмс Мејсон, Шели Винтерс, Сју Лион

Времетраење: 152 минути

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Хамберт Хамберт е разведен британски професор кој заминува во мал американски град да предава француска литература. Тој започнува љубовна врска со вдовицата Шарлот, со којашто и ќе се ожени само за да може да биде блиску до нејзината ќерка, 14-годишната Лолита, во која лудо ќе се заљуби.


9. Спартак (Spartacus)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: акција, авантура, биографија

Јазик: англиски

Премиера: 7 октомври 1960

Улоги: Кирк Даглас, Лоренс Оливие, Жан Симонс

Времетраење: 184 минути

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Во 73 година п.н.е, тракискиот роб Спартак поведува бунт во гладијаторско училиште управувано од Лентулус Батиатус. Бунтот, на кој му се приклучуваат илјадници робови, набрзо се шири низ цела Италија. Планот е да се снабдат со доволно средства за да ангажираат бродови, кои ќе ги транспортираат во земји во јужниот дел на Италија.


10. Патеки на славата (Paths of Glory)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драма

Јазик: англиски, германски, латински

Премиера: 25 октомври 1957

Улоги: Кирк Даглас, Ралф Микер и Адолф Менжу

Времетраење: 88 минути

Наша оценка: 9

Кратка содржина: Командант во Француската армија мора да се справи со бунтот на неговите луѓе и со болниот за слава генерал, откако дел од неговата единица влегува во оган без можност да го возврати нападот.


11. Убиство (The Killing)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

Жанр: трилер

Јазик: англиски

Премиера: 6 јуни 1956

Улоги: Стерлинг Хајден, Колин Греј, Винс Едвардс

Времетраење: 85 минути

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Откако ќе излезе од затвор, Џони Клеј планира да го изврши својот последен грабеж и со тоа да стави крај на неговата криминална кариера и да се ожени со Феј. Ќе се обиде да украде два милиони долари од обложувалница на трки со коњи, додека трае една од трките.


12. Бакнежот на убиецот (Killer’s Kiss)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: криминална драма

Јазик: англиски

Премиера: 1 октомври 1955

Улоги: Френк Силвера, Ирина Кејн, Џејми Смит

Времетраење: 67 минути

Наша оценка: 7

Кратка содржина: 29-годишниот боксер од Њујорк, Дејви Гордон (Џејми Смит) се вљубува во својата сосетка, танчерката Глорија Прајс (Ирина Кејн). Љубовната врска им ја комплицира нејзиниот насилен шеф, Винсент Рапало (Френк Силвера), кој ќе се обиде да го убие Дејви и ќе ја киднапира Глорија.


13. Страв и желба (Fear and Desire)

Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драма

Јазик: англиски

Премиера: 1 април 1953

Улоги: Френк Силвера, Пол Мазурски, Кенет Харп

Времетраење: 72 минути

Наша оценка: 7

Кратка содржина: Приказна за војнички тим чиј авион се урива во непријателска зона, во фиктивна војна. Групата предводена од потполковникот Корби бара начин безбедно да премине на пријателска територија.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар