Различен филм за секој ден од неделата

Различен филм за секој ден од неделата

Доколку сте голем љубител на филмот и не преферирате да гледате филмови само од еден жанр, тогаш ви препорачуваме да ја погледнете оваа листа. Листата е составена од 7 филмови, по еден за секој ден од неделата, притоа сите од различен жанр. Разновидноста на филмовите и нивните приказни ќе ви претставуваат одлична забава оваа седмица, без разлика дали ќе се решите да ги гледате сами, со партнерот или пак со пријателите.Различен филм за секој ден од неделата

  • Петок (хорор)

Подмолен (Insidious)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Возбудлива приказна за семејство кое е во потрага по помош за нивниот син Далтон, кој едно вообичаено утро мистериозна паѓа во кома. Три месеци покасно тие не се свесни дека се случува нешто многу поголемо од бескраен сон. Паранормалните случувања и откривањето на минатото се клучот за враќањето на нивниот син, а напнатоста и стравот го следат филмот до последната секунда.

.

  • Улоги: Патрик Вилсон, Роуз Брн, Тaj Симпкинс
  • Премиера: 29 март 2011
  • Времетраење: 103 минути
  • Наша оценка: 6

.
  • Сабота (трилер)

Без граници (Limitless)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Акционен трилер за писател по име Еди, кој се наоѓа во писателска криза и има недостаток на креативност. Неговиот поранешен шура му понудува експериментална дрога, со ветување дека  ќе му овозможи да користи 100% од својот ум. За некое чудо дрогата успешно делува, а Еди за кратко време успева да ја заврши книгата. Во потрага по ново количество, тој го наоѓа дилерот убиен и го зема остатокот од дрогата, која тотално му го менува својот живот.

.

  • Улоги: Бредли Купер, Роберт Де Ниро, Ана Фрил
  • Премиера: 18 март 2011
  • Времетраење: 105 минути
  • Наша оценка: 7

.
  • Недела (научна фантастика)

Капетан Америка: првиот одмаздник (Captain America: The First Avenger)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Дејствието се одвива во 1942 година кога САД влегува во Втората Светска војна. Болниот Стивен Роџерс е разочаран бидејќи повторно е одбиен за приклучување кон воената служба. Но, сè се менува кога д-р Ерксин го повикува за тајниот проект. Докажувајќи ја неговата силна волја и извонредна храброст, тој го прифаќа експериментот и неговото слабо тело наеднаш постанува неверојатно моќно.

Откако д-р Ерксин ќе биде убиен од шефот на тајниот истражувачки оддел на нацистичка Германија, таканаречениот „Црвениот Череп“, Роџерс останува како уникатен човек кој првично е злоупотребуван како пропагандна маскота. Но, сепак тој подоцна се впушта во возбудлива авантура против „Црвениот Череп“. Бидејќи филмот е прилично нов, не очекувајте дека ќе најдете снимка со добар квалитет.
.

  • Улоги: Крис Еванс, Томи Ли Џонс, Хејли Атвел
  • Премиера: 22 јули 2011
  • Времетраење: 124 минути
  • Наша оценка: 7

.
  • Понеделник (документарец)

Измамата наречена Обама: маските паѓаат (The Obama Deception: The Mask Comes Off)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Во овој документарен филм се претставува една поинаква слика за американското политичко општество. Режисерот Алекс Џоунс дава слика според која, уште од 60-тите години на минатиот век американските претседатели се само марионети на светската владата во сенка составена од членовите на Советот за надворешни односи, Федералниот систем за резерви на САД, Билдербершката група, Трилатералната Комисија и банкарите од Вол Стрит.
.

  • Улоги: Алекс Џоунс, Даниел Естулин
  • Премиера: 12 март 2009
  • Времетраење: 111 минути
  • Наша оценка: 6

.
  • Вторник (анимиран/фамилијарен)

Автомобили 2 (Cars 2)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Интересен анимиран филм во продукција на „Pixar“… Спортскиот автомобил Лајтнинг МекКвин и неговиот најдобар пријател, камиончето од шлеп-служба по име Матер, се упатуваат кон Јапонија и Европа за да ја завршат Светската Гран При трка. Но нивниот пат кон шампионатот станува трнлив откако Матер ќе се впушти во интригантна мисија, односно во интернационална шпионажа. Интересен филм особено возбудлив за помладите генерации.
.

  • Гласови: Даниел Лоренс, Овен Вилсон, Мајкл Кејн
  • Премиера: 24 јуни 2011
  • Времетраење: 106 минути
  • Наша оценка: 7

.
  • Среда (акција)

Брзата петорка (Fast Five)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Поранешниот полицаец Брајан О’Конор станува партнер со поранешниот затвореник Дум Торето. Бидејќи Миа Торето и Брајан успеваат да го изнесат Дум од затвор, поминуваат многу граници за да им избегаат на властите. Повлечени во Рио Де Женеиро, тие мораат да извршат уште една работа за да си ја обезбедат својата слобода. Тие го составуваат нивниот тим од најдобрите тркачи бидејќи знаат дека единствениот начин да се извлечат е да му се спротивстават на корумпираниот бизнисмен, кој сака да ги уништи. Но, тој не е единствениот нивни противник. Зад нив секогаш е федералниот агент Лук Хобс. Интересна адреналинска акција, која ќе ве држи возбудени до самиот крај.
.

  • Улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон
  • Премиера: 29 април 2011
  • Времетраење: 130 минути
  • Наша оценка: 7

.
  • Четврток (драма/комедија)

Почетници (Beginners)

Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина:Дејството се обвива во 2003 година, каде што 38-годишниот Оливер Филдс, по професија графички дизајнер, го губи татко му, пет години откако починала и неговата мајка. Оливер кој е природно намуртен тип, низ текот на филмот се потсетува на неговиот однос со татко му по смртта на неговата мајка. Набрзо по нејзината смрт, неговиот татко му признал дека всушност е геј и тука приказната станува интересна, а нивниот однос сосема поинаков.

Во обид да воспостави контрола врз своите емоции за загубата, Оливер ја запознава Ана, девојка со која свесно се впушта во врска, притоа знаејќи дека и таа има нерешливи емоции и проблеми со својот татко. Забавна приказна во која ќе уживате и ќе се насмеете.
.

  • Улоги: Ијан Мекгрегор, Кристофер Пламер, Мелани Лорен
  • Премиера: 11 септември 2010
  • Времетраење: 105 минути
  • Наша оценка: 8

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар