Пронаоѓачот (The Finder)

Пронаоѓачот (The Finder)

Автор: Моника Трајковска

ТВ серија за еден несекојдневен детектив…

Пронаоѓачот (The Finder)Креатор: Харт Хенсон
Главни улоги:
Џеф Сталтс, Мерцедес Мејсон, Мајкл Кларк Данкан, Меди Хесн
Жанр:
криминалистика, драма
Јазик:
Англиски
Претставена на:
21 април 2011 (во ТВ серијата „Коски“)
Премиера:
12 јануари 2012
Број на сезони:
1 (во тек)
Времетраење:
43 минути
Наша оценка:
9
Ваша оценка:
1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 8,88 од 10)
Loading...


Имате нешто изгубено? Нешто што премногу ви значи? Нешто без кое можеби не би можеле да живеете? Не грижете се… Волтер ќе го пронајде. Мислите дека тоа е невозможно? Погледнете ја оваа ТВ серија и ќе ви стане јасно за што станува збор.



Приказна: Волтер Шерман (Џеф Сталтс) е ветеран, кој во војната со Ирак се здобил со оштетување на мозокот од експлозија. Оштетувањето на мозокот предизвикало чудна потреба кај него, потреба да го пронаоѓа она што другите го изгубиле. Волтер гледа конекции кај навидум неповрзани настани, предмети или луѓе. Честопати повторува дека ќе го пронајде тоа што се бара од него или ќе умре барајќи го.Пронаоѓачот (The Finder)Лео Нокс (Мајкл Кларк Данкан) е неговиот најдобар пријател, легален советник, телохранител, сметководител… Волтер и Лео имаат свој бар кој се вика „Крајот на светот“ во кој работи и Вила Мандеј (Меди Хесн). Таа е на условно поради кражба и доколку ја загуби работата, поради каква било причина, може да се врати повторно во затвор. И покрај нејзиното противење на работата и обидот да избега од таму, таа набрзо ќе го промени своето мислење бидејќи конечно ќе се почувствува дека припаѓа некаде.Пронаоѓачот (The Finder) Изабел Замбада (Мерцедес Мејсон) е заменик маршал, но навечер таа оди на предавања за да стане правник. Изабел многу често соработува со Волтер со кој има малку специфичен однос, нешто сосема спротивно од она што го гледаме во денешните романтични драми и комедии. Најинтересен момент е тоа што тие имаат детално составен договор за „пријатели со бенефиции“, кој може да се стави на „пауза“ во ситуации кога еден од нив ќе пронајде некој посебен, па другиот ќе мора да го прифати тоа без коментар.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Оштетувањето на мозокот кое му ја активирало оваа посебна дарба на Волтер, во исто време го направило многу параноичен и му влијае на некои други ментални способности. Но и покрај сите психички проблеми, тој сепак одбива да оди на операција, бидејќи се плаши да не ги загуби своите пронаоѓачки способности. Продолжувајќи да живее на малку поинаков начин од останатите, тој секојдневно се обидува максимално да ја искористи дарбата и да им помогне на што поголем број луѓе. Со Лео покрај него, постојано се соочуваат со крадци, мафијаши, убијци и секаков вид други криминалци. Но, тоа претставува најмал проблем за нив. Она што е најважно е да се пронајде изгубеното.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Кога да ја гледате: Совршено време за гледање на оваа ТВ серија е кога ви е потребен краток одмор од секојдневните обврски. Таа ќе ве расположи, насмее и ќе ве натера да се задлабочите во приказната со неверојатните пресврти. А што се однесува до Волтер, тој нема да престане да ве изненадува.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Свит Reply

    Уффф Jeff Stoltz, човеков е совршенство!

    • Мони Reply

      Комплетно се согласувам 🙂

  2. spasko Reply

    Ama ja GA volim

Напиши одговор на Свит Откажи одговор