Прометеј (Prometheus)

Прометеј (Prometheus)

Филм за еден научен тим кој ќе отиде до најтемните делови на универзумот за да проба да го открие почетокот на човештвото

Прометеј (Prometheus)Режија: Ридли Скот

Улоги: Нуми Рапеис, Мајкл Фесбендер, Шарлиз Терон, Логан Маршал-Грин

Времетраење: 124 минути

Јазик: англиски

Премиера: 8 јуни 2012

Жанр: авантура, научна фантастика, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (18 гласа, просек: 8,67 од 10)
Loading...


Научен тим во блиска иднина открива необични цртежи во пештера кои укажуваат на посета од вонземјани. Научниците, сметајќи дека се работи за покана, решаваат да тргнат накај планетарниот систем од цртежот со надеж дека ќе дознаат нешто повеќе за човековото настанување. Но, тоа што ќе го најдат таму ќе биде пострашно од сè што си замислувале…



Приказна: Сè започнува со откривање на несекојдневни цртежи во пештера на кои еден човек покажува накај ѕвезден систем. По кратко истражување, научниците кои работеа на овој проект, откриваат дека тој систем навистина постои, но дека е толку многу далеку од Земјата што не може да се забележи со голо око на ноќното небо. Поради тоа тие претпоставиле дека вонземјани кои нè посетиле пред многу години, ни оставиле покана за посета.Прометеј (Prometheus)Теоријата на Елизабет Шо (Нуми Рапеис) и Чарли Холовеј (Логан Маршал-Грин) е дека овие вонземјани ги создале луѓето. Поради тоа ги нарекле „градители“ и предложиле да се организира мисија до нивната планета. Целта е да ги прашаат зашто нè создале и дали нашиот живот има некаква смисла. Мисијата била одобрена и за неколку години по нивното откритие тие тргнуваат со вселенскиот брод „Прометеј“ накај непознатата планета.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Бидејќи патувањето трае околу 2 години, целиот екипаж меѓу кои се и Шо и Холовеј се во некој вид на хибернација. Со бродот управува робот наречен Дејвид (Мајкл Фесбендер) кој меѓу другото постојано пробува да воспостави комуникација со планетата. Но, тој никогаш не добива одговор. Набрзо тие стигнуваат на својата дестинација и полека се будат од долгиот сон.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Барајќи место за слетување, Холовеј забележува патека за која верува дека не е настаната од природата. Тие се упатуваат натаму и слетуваат пред една голема градба која на прв поглед изгледа сосема природно. Но, многу брзо ќе дознаат дека всушност таа била изградена со страшна намера и под себе крие уште поголема мистерија која може да значи крај за целото човештво.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Кога и како да го гледате: Овој филм дефинитивно не е за сечии очи. И покрај тоа што во поголемиот дел има само истражувања на објектите и формите на живот на кои тие ќе налетаат, има и делови кои се проследени со многу насилство, крв и непријатни сцени. Но, доколку сте фанови на филмовите од видот „8-ми патник“ (Alien), тогаш на крајот на овој филм ве очекува големо изненадување кое не смеете да го пропуштите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар