Приказна за играчките 3 (Toy story 3)

Возбудлива, комична авантура за единството и пријателството

Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Режија: Ли Ункрич

Гласови: Том Хенкс, Тим Ален, Џоан Кјузак, Нед Бити, Дон Риклс, Мајкл Китон

Времетраење: 103 минути

Јазик: англиски

Премиера: 12 јуни 2010

Жанр: анимиран филм, комедија, авантура, фантазија

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (32 гласа, просек: 9.19 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————
По повеќе од една деценија од прикажувањето на „Приказна за играчките 2“ (1999), студиото  Pixar повторно не почести со уште едно продолжение од феноменалната приказна за авантурите на играчките на момчето Енди. И овој пат, приказната изобилува со моменти исполнети со драма, возбуда и пред сè, комични ситуации, а феноменално смисленото сценарио е реализирано со извонредна анимација. Важноста на пријателството и единството е главната порака што се пренесува преку овој анимиран филм, а за тоа кој уживал повеќе во него, можеби ќе се случи и расправија помеѓу децата и возрасните. Филмот заслужено ги доби и Oскарите за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна за оваа година, а неговата заработка и пофалните зборови од светските критичари, го ставаат ова продолжение на пиедесталот од трилогијата.
————————————————————————————————————————————————

Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна: Каубојот Вуди, заедно со неговиот пријател, вселенскиот ренџер Баз и дружината, повторно се во фокусот на приказната. Овој пат, тие посакуваат нивниот најдраг сопственик Енди за последен пат, пред да замине на колеџ, да си поигра со нив како во старите добри времиња. Енди, кој е веќе 17 годишно момче, пакувајќи се за да замине од куќата на неговите родители, решава да ги собере неговите пријатели од детството и да ги чува на таванот.
Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди. Во овој дел се запознаваат и многу нови ликови, меѓу кои се Барби и Кен.
.

Кен: Абе не сум јас женска играчка… Не сум!

Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Анимација и музика: Самиот факт што филмот ги доби токму овие два Oскари, говори за беспрекорноста во неговата изработка. Незаборавната песна „You’ve got a friend in me“ е дел и од ова продолжение на „Приказна за играчките“, но овој пат филмот го доби Oскарот за песната „We Belong Together“. Во 1995 година, кога Пиксар го прикажа првиот дел, целиот свет беше воодушевен од неговата анимација. Но „Приказна за играчките 3“ ги турна границите на анимацијата и ги достигна недопрените височини, а студиото, со перфектно нацртаниот и реално анимираниот производ, го извади својот најдобар филм досега. Филмот е достапен и во 3Д технологија.Приказна за играчките 3 (Toy story 3).

г. Компир: Никој не смее да и ја вади устата на мојата жена, освен јас!

Кога и како да го гледате: Анимацијата, музиката и приказната се толку моќни и ефектни, така што без разлика кога и каде ќе го гледате овој филм, нема да направите грешка. Доколку можете да го начекате во кино салите низ земјава, таа опција е одлична, но сепак и во домашни услови, заедно со вашите најблиски ќе биде совршено, особено доколку имате мали деца или внучиња. Без никакво двоумење, гледајте го филмот, кој навистина го заслужува вашето внимание. За загревање, претходно пуштете си го краткиот филм „Ден и ноќ“ кој излезе на премиерата на „Приказна за играчките 3“.Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Слични филмови:Како да издресираш змеј“, „Кунг-фу Панда“ „Автомобили“

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар