Пријатели за секс (Friends with Benefits)

ТВ серија за поддршката што меѓусебно си ја даваат пријателите, која понекогаш продолжува и во спалната соба

Пријатели за секс (Friends with Benefits)Главни улоги: Данил Еклс, Рајан Хенсен, Зак Крегер, Андре Холанд, Џесика Лукас

Жанр: комедија, ситком

Премиера: 5 август 2011

Број на сезони: 1

Времетраење: 21 минута

Јазик: англиски

Наша оценка: 6

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (49 гласа, просек: 8.92 од 10)

Loading...Loading...

Тие се пријатели кои се секогаш тука еден за друг. Секој од нив е опседнат да ја најде својата сродна душа, но секој од нив има и различна дефиниција за тоа. Трагајќи по совршениот партнер, барајќи психолошки и сексуални совети, некои од нив, на крајот од денот сепак завршуваат во истиот кревет. Во нивното друштво, изгледа како внатрешните интимни врски воопшто да не влијаат на дружбата, која секогаш е на прво место.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на NBC да ја продолжат работата.

Трејлерот е направен со актерската екипа од пилот епизодата.

Дел од продуцентската екипа која работи на серијата учествувала во работата на серијата „Пријатели“ и на филмот „Непоканети гости“, додека како автори и извршни продуценти на пилотот се јавуваат имињата Scott Neustadter и Michael H. Weber („500 денови со Самер“).

Вакви серии, кои ги третираат љубовните ситуации во друштвото на неколку млади луѓе, се појавија доста во последно време. Доколку ви се допаѓаа „Пријатели“, „Совршени парови“ и „Модерна фамилија“, можно е да ви се допадне и „Пријатели за секс“. Оваа серија, е некаков спој од основната на приказната во првата, односите и врските во втората и хуморот во третата серија.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anabell Reply

    I taman po naslovot pomisliv deka se raboti za filmot so Mila Kunis i Timberlake, pa da stavam eden LIKE….
    Izgleda greshka sum bila :-)

Остави коментар