Придружба (Entourage)

ТВ серија за шоу бизнисот, лудувањето, пријателството и славата

Придружба (Entourage)  Главни ликови: Кевин Коноли, Едријан Гринер, Кевин Дилон, Џери Ферара, Џереми Пивен, Рекс Ли

Режисер: Марк Мајлод

Креатори: Даг Елин, Роб Веис, Ели Мусика, Клиф Дорман

Жанр: комедија, драма

Времетраење: 22-30 мин.

Премиера: 18 јули 2004

Јазик: англиски

Број на сезони: 7

Следна епизода: 29 август, 2010

Веб-сајт: www.hbo.com/entourage

Наша оценка: 10/10

_____________________________________________________________________________________________ „Придружба“ е серија на која ќе се навлечете после првите 2 минути. Тоа е така, бидејќи во неа, нема што да не ви се допадне. Слава, излегување, шоу бизнис, забава, хумор, сексапил, дружба и актери кои ќе ве пленат со фантастична глума и добар изглед. Ако ви зборувале дека Придружба е машка серија, имаме една новост за вас – навистина е, но е подеднакво заразна и за девојките. _____________________________________________________________________________________________

Приказна: Четворица млади луѓе доаѓаат од Квинс во Њујорк каде го започнуваат животот на славата, уживањето и благосостојбата. Вини Чејс, главниот фраер во серијата, е млад актер пред кого е успехот во кариерата и популарноста помеѓу припадничките на понежниот пол. Него во секој чекор го следат двајцата другари од детството Ерик Марфи и Тртл, како и неговиот полубрат Џони Драма, кој во последно време не ги живее најдобрите денови од својата актерска кариера.

Карактеристична е улогата на агентот на Вини, Ари Голд, кој е супер-арогантен и истовремено екстра ангажиран за својот клиент. Сепак, тој е омилен кај публиката. Во серијата поминуваат многу популарни ликови, кои придонесуваат за нејзиниот гламур, уникатност и сјај, меѓу кои: Џесика Алба, Скарлет Јохансон, Џејмс Камерон, Мет Дејмон, Боб Сагет и многу други.

Најдобри делови:

Интересни податоци:

  • Серијата е делумно базирана на холивудските искуства на Марк Валберг, еден од извршните продуценти, попознат како Марки Марк и како член на поранешната музичка група New Kids on the Block.
  • Улогата на Ерик Марфи била специјално креирана за актерот Кевин Коноли, кој пред да ја прифати се имал повлечено од глумата.
  • Продуцентот Ари Голд зборува на телефон најмалку еднаш во секоја епизода, освен во една.
  • За еден од филмовите на Вини Чејс, Medellin, снимен е вистински трејлер и направен е официјален веб-сајт на кој трејлерот може да се погледне.

Кога и како да ја гледате? Придружба можете да гледате во секое време и со секакво друштво. Расположени или разочарани, исполнети или нерасположени, Придружба нема да ве остави рамнодушни. Наша препорака, гледајте ја серијата, секогаш штом се појави нова епизода или подобро, ако можете да се стрпите, почекајте да излезат сите епизоди од сезоната и потоа гледајте ги за време на викендот.

После оваа сезона, ќе се снимат уште 6 епизоди во 2011 година, после што ќе следува адаптација за филм.

Слични серии: Придружба е уникатна серија која тешко се споредува со други. Ако сепак можете да најдете сличност со некоја, пишете ни коментар.
.

„Let’s hug it out“ („Да преминеме преку ова со едно гушкање“) стана легендарен израз откако го употреби Ари Голд во една сцена. Погледнете:

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Влатко Reply

    Подобар превод на името на серијата ќе беше „Екипа“ или уште понеформално (и ептен скопски) „Клапа“, ама тука сте некаде со значењето. И „Друштво“ ќе завршело работа, ама немаше да биде толку прецизно.

    Што се однесува до серијата, нема подобра! Ари Голд е ризница на уникатни фрази и пцовки, да му е мерак на човек да го слуша како пцуе од петни жили :))))

    Добра серија за презентација, продолжете така и понатаму.

    Поздрав,

Остави коментар