Потера (The Chase)

„Потера“ е 13-минутна 3Д анимирана акција од Clawer Films. Зборува за едноставноста на професијата платен убиец, но и за тоа дека работите никогаш не се одвиваат според очекуваното. Филмчето е во режија на 25-годишниот самоук 3Д уметник Томас Вергара од Чиле.Потера (The Chase)Вергара себеси се нарекува филмски фанатик. Од следната изјава, ќе видите и зошто:

„Ја напуштив работата за да го создадам „The Chase“, мојот прв личен проект на кој работев во изолирана кабина во шумата, со многу чај и во друштво на имагинарни пријатели. Ми беа потребни шест месеци за да го направам филмот, но поради бавното рендерирање, тој комплетно беше готов за осум. Буџетот ми беше 700 долари“.

Ако сте љубители на малку акција, погледнете го неговиот труд, навистина заслужува.

За целокупната работа околу проектот, за тоа како ја направил оваа 3Д анимација, тој несебично зборува на неговиот веб сајт.

„Сакам да ги споделам информациите за правењето на овој филм, со надеж дека ќе се забавувате или можеби ќе ве инспирираат да направите нешто свое. Кој знае. Всушност станува збор за прилично кул работа. Во потерата се вклучени четири ликови. Сите се дизајнирани од Маурицио Галвез, најголемиот уметник кој го имам запознаено“, вели младиот режисер.

Потера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Во оваа 3Д анимирана акција нема да слушнете ниту збор од ликовите, но ќе уживате во ефектите и во музиката на Џеј Тејлор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар