Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

Забавно е да го гледате Џејсон Стејтам како крши вилици во „Транспортер“ или како Џет Ли сам против сите врти мечеви во „Херој“, но момците од Холивуд дефинитивно се надминаа себеси кога во акцијата воведоа и убавина. Па наместо да го гледаме пионерот на хемијата Ван Дам или момчето со репот, на екраните пред нас ги имаме опасните нимфи кои дури и да нè истепаат, не би приговарале. На овој начин секој маж ги добива двете омилени работи кои ги бара од филмовите: насилство и секс, на едно место.

Фокси Браун  – Пам Гриер во „Фокси Браун“

Холивудските постери често се хиперполизирани. Но, одвреме-навреме знаат баш да ги погодат. Таков е случајот со постерот на „Фокси Браун“ кој ја прикажува оваа опасна жена во нејзините вистински бои. Фокси е паметна, дрска, независна, феминистка, да те фати глава колку е секси, а истовремено и јака и смртно опасна со пиштол во рака. Или со зборовите на Тарантино: „Таа е кралица на сите кралици. Суперлоша!“Опасни и СексиОпасни и Секси

Сара Конор – Линда Хамилтон во „Терминатор“

Сара Конор е една од најугледните филмски хероини. Нејзината генијалност лесно можеме да ја видиме во сцените каде што бега од лудница само со спајалица која ја чува во уста и користи луѓе како штит кога ќе се најде во тесно. И колку и да паѓам на оскудно облечени жени со големи гради и перфектна коса, како и секој друг тестостеронски поединец, го обожавам фактот што Сара Конор не ја интересира ништо друго освен уништување роботи и спасување на човештвото. Нема тука место за романтики, само оружје доволно за една пристојна револуција, неколку штеки цигари и многу пцуње. Мора да ја сакате!Опасни и СексиОпасни и Секси

Фокс – Анџелина Џоли во „Баран“

Вкусно тетовирана, опасна со пиштол како никој пред неа, со коса која изгледа како штотуку да излегла од салон, Анџелина Џоли е опасна бомба играјќи ја улогата на Фокс во „Баран“.  Една од нејзините најжешки улоги дефинитивно, во која веројатно единственото нешто што е поопасно од нејзиниот „закривен куршум“ е нејзиниот поглед. Фокс поседува каскадерски вештини позади воланот и бестрашна способност да пука од автомобил во движење со леснотија и јога-флексибилност. За сите оние кои го гледале филмот или барем трејлерот, кадарот во кој го гледаме голиот тетовиран грб на Џоли како сјае е оној кој горе-долу ја дефинира сликата за тоа како треба да изгледа една „бед ес женска“.Опасни и СексиОпасни и Секси

Тринити – Кери-Ен Мос во „Матрикс“

Ако Нео е избраниот, тогаш Тринити е дефинитивно „неговата девојка за сè“. Кратка коса, темни очила, тесно црно латекс-одело и многу часови поминати со тренинг-програмите на Матрицата. Нејзината виртуелна моќ не познава граници, а карактерот и љубовта кон Нео ја прават бескомпромисна и незапирлива. Да сме начисто, без неа патот на Нео ќе беше многу, многу потежок.Опасни и СексиОпасни и Секси

Беатрикс Кидо – Ума Турман во „Убиј го Бил“

Беатрикс Кидо („Невестата“) е безмилосна убица која ги елиминира своите мети со смртна прецизност. Нејзината катана е практично човечки блендер, кога ќе ја извади од својата футрола, скоро сигурно ќе видите гејзери од крв, раце и нозе без сопственици и по некој исплескан гaз.

Беатрикс ја прави својата листа и не запира додека сите имиња на неа не се пречкртани. Борба со нож со експертка за сечила? Проверено! Крвав маскембал со 88 лудаци со самурајски мечеви? Проверено! Тепачка во камп-приколка со отровна змија и нејзината сопственичка? Проверено! И на крај, секако финалната пресметка со Бил лично. Без разлика колку насилни и садистички стануваат нејзините пориви, до самиот крај ние сме на нејзина страна. Плус, тесни фармерки или „игра на смртта“ моторџиско одело, едно мора да се признае. Невестата се одмаздува со стил. Многу е тешко да ѝ одолеете…Опасни и СексиОпасни и Секси


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар