Одмазда (Revenge)

ТВ серија за барањето правда и душевен мир по пат на ладнокрвна одмазда

Одмазда (Revenge)

Главни улоги: Емили Ван Кемп, Меделин Стоув, Гејбриел Мен, Џошуа Боуман, Хенри Черни

Жанр: драма, трилер, мистерија

Премиера: 21 септември 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 43 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (57 гласа, просек: 9.39 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————–
Простувањето е можеби исправна верска постапка, но „Одмазда“ нема за цел да ве научи на морал и етика. Ова не е приказна за простувањето, ова е приказна за одмаздата на луѓето кои згаснале еден живот и загорчиле друг.

Ова ТВ шоу го наметнува прашањето: Како вие би постапиле, доколку сте живееле хармоничен живот со вашиот татко додека сте биле дете и одеднаш некои моќници, себични луѓе, го сместуваат вашиот единствен родител в затвор за криминал кој не го сторил, со цел да се спасат себеси од извршување на казната? Дали ќе им простите и ќе продолжите да го живеете вашиот живот како ништо да не се случило? Можеби тоа е исправен чекор, но дали е лесно остварлив?

Неправдата боли, осаменоста и тагата го прават човекот ладнокрвен, а ваквите „темни“ чувства одлично ги пресликува главниот лик во серијата.
————————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Емили Торн е убава, богата млада девојка со мистериозно минато. Кога била мало девојче, татко ù бил неправедно изманипулиран од моќни луѓе и невин завршил в затвор, каде и згаснал неговиот живот. Емили, која тогаш се викала Аманда завршила во Центар за згрижување на деца, каде што поминала тежок период во своите тинејџерски години, бидејќи таму вработените ја третирале како да се наоѓа во Дом за малолетни престапници, поради „криминалот“ на нејзиниот татко.

Во сета несреќа, светлиот зрак е тоа што татко ù и оставил големо богатство кое ù овозможило да го смени името и да се пресели повторно во нејзиното родно место Хамптонс и еден по еден, да им се одмазди на сите луѓе, кои биле вмешани во уништувањето на неговиот живот. Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Нејзините чекори се интелигентни, промислени и лукави. Преку ден таа се однесува како ангелче, културна девојка која сите ја почитуваат и сакаат, а навечер го смислува следниот одмазнички чекор, служејќи се со можностите на најновите технологии. За целиот нејзин план знае само едно момче – „компјутерџија“ кој работел со нејзиниот татко, благодарение на кој сега тој има милиони и мотив да ù помогне.Одмазда (Revenge)Кинематографија: Хамптонс е мало луксузно место во кое живеат најголемите богаташи и моќници. Животот на луѓето од високата класа е прикажан во своето реално светло: неуспешни бракови, нестабилни семејни односи, неискрени пријателства, огромни, луксузни куќи полни со „студенило“ наместо со љубов и наспроти ова, глумење дека го живеат „животот од соништата“.Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Одмазда (Revenge)Глума: Емили Ван Кемп со својата глума, навистина успева да го „продаде“ ова ТВ шоу. Ако таа се однесуваше премногу ладно, немаше да успее да допре до срцето на публиката. Ако беше премногу мила и слатка, ќе ни делуваше цинична и лицемерна. Таа е идеалната комбинација од невиност и зло, што ја прави вистинскиот избор за ваков тип серија. Одличен противник пред камерите ù е Меделин Стоув која ја глуми богаташката Викторија Грејсон – најголемиот виновник за нанесеното зло на таткото на Аманда.Одмазда (Revenge)Кога и како да ја гледате: Ова е серија која поради својата мистичност, непредвидливост и необична приказна е подобро да ја гледате навечер, за да ја доживеете во својот целосен облик. Самото дејствие не е вознемирувачко, ниту страшно, туку само интересно за гледање и анализирање на комплексната карактерна природа на главниот лик, поради што не би ви било лошо доколку изгледате една епизода, кога ќе се стуткате навечер под ќебенце.Одмазда (Revenge)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Amanda Reply

    Serijava ke me ostavi bez son vecerva osekjam.,.. nemozam da prestanam so gledanje :))) definitivno zaraza !!

Остави коментар