Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното - Part 5

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

5. Лизгачи (Sliders)

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалнотоГлавни улоги: Џери Оконел, Кливент Дерикс, Кери Вурер, Сабрина Лојд, Џон Рис-Дејвис

Жанр: научна фантастика, авантура, фантазија

Премиера: 22 март 1995

Број на сезони: 5

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 7

Паралелни димензии. Доколку сте вистински фан на научната фантастика, тогаш дефинитивно сте помислиле и на нивното постоење. Но, што ако тие навистина се реалност и вие најдете начин како да патувате од една во друга паралелна димензија… Дали би одбиле да ги видите малите разлики во одлуките на луѓето кои подоцна го промениле целиот тек на историјата?

Во оваа ТВ серија брилијантниот Малори (Џери Оконел) сосема случајно и непланирано ќе пронајде начин да патува помеѓу паралелните димензии. Но, бидејќи неговата направа сè уште не е целосно подготвена, тој заедно со уште неколку познаници кои ќе бидат покрај него во тој момент ќе бидат вовлечени во порталот кој води кон другата димензија. На нивно изненадување, кога ќе се вратат назад тие ќе сфатат дека се на место кое воопшто не наликува на нивната планета. Во тој момент ќе започне најголемата авантура на нивниот живот. Тие ќе се „лизгаат“ од една во друга димензија барајќи го својот дом.

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар