Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното - Part 2

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

2. Ѕвездена порта (Stargate SG-1)

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалнотоГлавни улоги: Ричард Дин Андерсон, Аманда Тепинг, Мајкл Шенкс, Кристофер Џаџ

Жанр: научна фантастика, акција, авантура

Премиера: 27 јули 1997

Број на сезони: 10

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 9

Што ако постои начин да можете патувате на која било планета во кој било дел од универзумот, а притоа тие планети да се на само еден чекор од вас? Во оваа ТВ серија станува збор токму за тоа. Луѓето пронашле огромен круг закопан длабоко под земја, кој всушност е порта кон голем број планети. Овој круг кој тие го нарекле Ѕвездена порта бил создаден од народот познат како „Античките“ кој одамна не постои, но во своето време бил најнапредната позната цивилизација. Тие за да си го олеснат своето патување ги поставувале овие порти, а сега останува на луѓето од почеток да ги откриваат сите оние светови кои Античките ги оставиле зад нив.

Доколку ви се допадне оригиналната ТВ серија „Stargate SG-1“ каде што Ѕвездената порта е сместена на нашата планета, можете да ги погледнете и „Stargate Atlantis“ каде што тимот од истражувачи се наоѓа во изгубениот град Атлантида на планета во галаксијата Пегаз, како и „Stargate Universe“ каде што центарот на приказната е сместен во ѕвезден брод изгубен некаде далеку во универзумот.

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар