Одлични филмови со само еден талентиран глумец во главната улога

Постојат филмови во кои дејството се случува само околу еден единствен глумец. Но, тоа воопшто не пречи, бидејќи актерот глуми толку добро што нема да можете да ги тргнете очите од екранот. Понекогаш, ваквите филмови долго време остануваат запечатени во нашето сеќавање за разлика од оние високобуџетни филмови со еден куп познати ѕвезди во нив. Во продолжение погледнете кои се тие одлични филмови во кои глуми само еден актер…

„Нервозен“ (High Strung)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Повремено се појавуваат и други глумци, на крајот дури можете да го видите и Џим Кери. Но, сепак во центарот на вниманието е Стив Одекерк. Ликот на Стив по цел ден не прави ништо, освен што се жали и им оди на нерви на луѓето околу него. Но, тоа го прави на толку смешен и маестрален начин што вреди да го погледнете филмов барем еднаш.

„Плитки места“ (The Shallows)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Филмот ја претставува моќта на човечката волја кога се соочува со природните сили и судбината. Приказната може да се разбере на повеќе начини. Главното е дека се работи за сурферка изгубена на мал остров која била нападната од ајкула. Филмот навистина може да допре до секого, бидејќи сите ние длабоко во себе се плашиме од ненадејната, неизбежна опасност.

„Двобој“ (Duel)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Првиот долгометражен филм на Стивен Спилберг кој им докажа на критичарите и на публиката дека тој е навистина извонреден режисер. Филмот бил снимен за само 13 дена. Оваа едноставна приказна за обичен продавач кој бега од демонски камион без возач ќе ви го задржи вниманието уште од самиот почеток. Станува збор за вистински трилер што ќе ве исплаши и збуни.

„Сѐ е изгубено“ (All Is Lost)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

И покрај неговата возраст, висок, згоден маж тргнува на патување на луксузна јахта околу Индискиот океан. Но, одеднаш работите се менуваат. Тој мора да се бори со безмилосната сила на природата за негово но и за доброто на оние кои останале на брегот.

„Отпадник“ (Cast Away)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Судбината на Чак Ноланд безмилосно го натерала да ги смени неговите приоритети и поглед кон работите. Овој инженер бил исфрлен на пуст остров откако авионот се срушил во океанот. Но, Чак имал среќа да преживее. Сега, откако поминал многу болни години на пуст остров борејќи се за сопствениот живот, конечно ја открил смислата на неговото постоење.

„Лок“ (Locke)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Ова е филм што вреди да се погледне: За час и половина ќе видите како животот на Иван Лок, кој порано постојано држел сѐ под контрола, се распаѓа на парчиња и преминува во тотален хаос. И покрај тоа што единствениот глумец кој ќе го видите е Том Харди, во филмот се испреплетуваат повеќе заплети.

„Вовед во анатомија“ (Gray’s Anatomy)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Познатиот режисер Стивен Содерберг направил необичен и смешен експеримент со овој филм. Целиот филм претставува монолог на Спалдинг Греј, писател и глумец. Монологот се прекинува на одредени моменти и се прикажуваат разни кратки сцени. Греј има многу обожаватели во Америка, а неговите ТВ емисии се комбинација од психолошки анализи и стенд-ап комедии.

Преминете на втората страница за останатите филмови на оваа листа…

„Зуло“ (Zulo)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Овој филозофски и реалистичен филм темелно ги истражува сите сегменти од човечката психа. Мигел, 40-годишен маж, се буди еден ден во темна дупка заградена со цигли. Има само кофа и ќебе. Двајца криминалци со маски го киднапирале мажот и речиси и да не можеме да ги видиме, освен тоа што повремено фрлаат цигари, парче сирење и свеќи во дупката. Тогаш кога Мигел нема да биде повеќе загрижен за тоа дали ќе преживее, дознаваме дека неговите киднапери му се всушност многу добро познати.

„1408“ (1408)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Мајк Енслин пишува хорор романи, но не верува во натприродни феномени и духови, бидејќи никогаш не видел нешто такво со свои очи. Но, тогаш тој решава да оди во хотелот Делфин и да преспие во озлогласената соба број 1408. Во овој филм, Џон Кјузак го игра еден од неговите најексцентрични ликови и го открива целиот негов потенцијал.

„Човекот кој спие“ (The Man Who Sleeps)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Овој француски филм ја истражува осаменоста на еден човек кој не сака и не чувствува ништо. Филмот претставува човек кој поради тоа што не бил прифатен од страна на надворешниот свет се изолирал и постепено се оддалечил од сите луѓе. Тоа што филмот е црно-бел уште повеќе ги засилува емоциите и впечатоците.

„Човечкиот глас“ (The Human Voice)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Филмот се базира на драма од Жан Кокто, а водечката улога ја има прекрасната Ингрид Бергман. Таа ја игра улогата на жена која му се јавува на саканиот ден пред неговата венчавка и се обидува да даде објаснување. Разговорот почнува смирено, но по еден час жената паѓа во очај. Љубителите на филмот и добрата глума ќе уживаат во ова едночасовно задоволство.

„Закопан“ (Buried)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Пол работел во Ирак, но за време на еден напад, изгубил свест и по некое време откако се разбудил, сфатил дека е закопан во дрвен ковчег. Тој ќе мора да помине низ низа незамисливо ужасни психички напади и да вложи голем физички напор за да се избори за сопствениот живот.

„Бронсон“ (Bronson)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Во филмот се појавуваат и други актери, но тие повеќе служат како декорација. Том Харди совршено ја одигрува улогата на Чарлс Бронсон, најопасниот британски криминалец, кој сонува да стане славен.

„Месечина“ (Moon)

Одлични филмови со само еден талентиран глумец

Сем Роквел се игра себеси, а приказната е неверојатно трогателна. Станува збор за маж кој поминал три долги години на месечината, сам и изолиран со никој друг освен роботот Герти (гласот го позајмува Кевин Спејси). Кога ќе заврши договорот на Сем, две недели пред да се врати на Земјата тој се запознава со неговата замена. Чудното е тоа што тој изгледа исто како него!


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар