Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012

Автор: Даниела Раденлиева

ТВ сериите ни прават друштво во слободното време и иако ретко кој има многу часови на располагање во денот за да ги помине пред телевизорот, сепак миговите додека се релаксираме на овој начин ни причинуваат големо задоволство. Затоа ви нудиме 6 нови серии чии премиери ќе бидат во 2012 година и кои ќе ви годат со шолја кафе во секој дел од денот.Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012

1. Куќа на лаги (House of Lies)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедија
Јазик: англиски
Премиера: 8 јануари 2012 на Showtime
Главни улоги: Дон Чидл, Дон Оливиери и Кристен Бел, која веројатно ќе ви биде одлучувачки фактор за да почнете да ја гледате серијата, а ја знаете како озборувачката во најпопуларната тинејџерска серија „Gossip Girl
Кратка содржина: Серијата следи група на менаџмент-консултанти кои ќе направат сè за да ја склучат бизнис зделката, без притоа да се двоумат дали и кого ќе искористат за да ја добијат информацијата која им е потребна на нивните клиенти.

Направена е според книгата на Мартин Кин: „Куќа на лаги: Како менаџмент-консултантите ќе ви го украдат часовникот, а потоа ќе ви кажат колку е часот”, па освен добра забава, ви нуди и можност да научите нешто во полето на бизнисот.


2. Само си ги сакам назад моите панталони (I Just Want My Pants Back)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: комедија, драма
Јазик: англиски
Премиера: 2 февруари 2012 на MTV
Главни улоги: Питер Вeк, Елизабет Хауер, Џордан Карлос, Ким Шо
Кратка содржина: Растргнат помеѓу љубовта, пријателството, кариерата и сексот, дваесет и нешто годишниот Џексон трага низ животот, барајќи забава и само забава. Живее во Бруклин, а дружењето со пријателите, одењето по барови и фаќањето девојки ги става пред својата работа во кастинг-агенцијата во која има најниска функција. Сè се менува една ноќ, кога после секс-авантурата со една девојка, таа му ги краде омилените панталони, а притоа и срцето. Сега тој добива нова цел во животот, да ја пронајде неа.


3. Алкатраз (Alcatraz)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, научна фантастика, мистерија
Јазик: англиски
Премиера: 16 јануари 2012 на Fox TV
Главни улоги: Сара Џоунс, Џефри Пирс, Сем Нил
Кратка содржина: Неочекуваното исчезнување на неколкумина затвореници и чувари од Алкатраз и ненадејното и мистериозно враќање во сегашноста е главен предмет на истрага на FBI-агентите кои се во потрага по вистината за исчезнувањето, како и за лицата кои стојат зад сето тоа.


4. Добрите христијанки (Good Christian Belles)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедија
Јазик: англиски
Премиера: 4 март 2012 на ABC
Главни улоги: Лесли Биб, Кристин Ченовет, Ени Потс, Џенифер Аспен

Кратка содржина: Серијата го следи животот на Аманда, која е неодамна разведена, мајка на две деца и сè уште позната по титулата „Кралица на кучките“ (Queen Bitch), која ù е дадена во средношколските денови. Таа се враќа во својата родна куќа, ги среќава соучениците кои ги задевала во средно училиште и се бори со однесувањето на својата мајка, која сè уште живее како во своите дваесетти години.

Направена е според книгата „Добрите христијански кучки” и ветува многу забава и многу драма.


5. Измачување зад сцената (Smash)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: мјузикл, драма, комедија
Јазик: англиски
Премиера: 6 февруари 2012 на NBC
Главни улоги: Дебра Месинг, Брајан Дарси Џејмс, Кристијан Борле
Кратка содржина: Драмата што ја гледаме на сцената не е ништо во споредба со онаа што се случува зад неа, додека траат подготовките за еден мјузикл. Група актери се собираат за да направат Бродвеј-мјузикл за животот на најпознатата блондинка Мерлин Монро, но тешкотиите, драмата како и личните проблеми им стојат на патот кон совршенството.


6. Непишано право (Common Law)

Нови ТВ серии кои ќе ви го исполнат слободното време во 2012Жанр: драма, комедија
Јазик: англиски
Премиера: за жал премиерата на оваа серија се одложи за во јуни оваа година, па ќе морате да почекате неколку месеци до нејзиното прикажување.
Главни улоги: Мајкл Ијали, Ворен Кол, Џек Мекги
Кратка содржина: Се работи за двајца партнери, детективи во одделот за убиства, кои буквално не можат да се поднесат меѓусебно. Заради постојаните расправии помеѓу нив, нивниот командир одлучува да ги прати кај терапевт за двојки, со надеж дека ќе си го подобрат односот. Серијата ветува комични ситуации исполнети со многу драма и акција.

Се надеваме дека нашите предлози ќе ви се допаднат. Се обидовме да најдеме серии за сечиј вкус. Па, уживајте во слободните мигови од новата година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар