Нова земја (Terra Nova)

ТВ серија за потрагата по подобар живот во минатото откако иднината станала лошо време за живеење

Нова земја (Terra Nova)Креатори: Крег Силверстин, Кели Марсел, Стивен Ланг

Главни улоги: Џејсон О’Мара, Шели Кон, Кристин Адамс

Жанр: научна фантастика, мистерија, авантура

Премиера: 26 септември 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 45 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (34 гласа, просек: 8.26 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————————————-
Каква иднина нè очекува? Како ќе живееме за 130 години од сега? Кои проблеми ќе го совладаат човештвото? Каде ќе го бараме спасот во иднина кога таа нуди толку неповолни услови за живот? Ќе мора да бараме начини да се вратиме назад, таму каде што нè чека нова шанса за подобар живот, таму од каде ќе можеме да влијаеме за да го спасиме човештвото…
————————————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Дејството во „Нова земја“ почнува во иднината, во 2149 година, кога животот на Земјата е загрозен од преголема популација и уништување на квалитетот на воздухот. Се живее во затворени услови, во кои најмалите не знаат како изгледаат Сонцето и облаците, се забранува создавање на големо потомство и со „тежок“ воздух се казнува прекршувањето на правилата.Нова земја (Terra Nova)Семејството Шенон е жртва на сурова казна. Казна-затвор за таткото на три деца, кога смеел да има само две. Но, тогаш се создава можност за заминување од Земјата, за проаѓање низ портата која води назад во времето, но од која нема назад во иднината. Петчленото семејство успева нелегално да се протне низ портата на можностите, оставајќи го зад себе суровиот живот.Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Она на што тие наидуваат таму, 85 милиони години во минатото, е далеку од совршен и беспрекорен живот, но така изгледа од перспектива на иднината. И овде треба да се учи, да се работи и заработува, да се внимава на консумирање одредена храна која ќе му одговара на телото… И овде има добри и лоши, почнувајќи од шестаците кои се населеници на Тера Нова со некаква скриена агенда, па сè до месојадните диносауруси и чудните видови птици чиј крик ќе ве остави будни цела ноќ.Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Нова земја (Terra Nova)Компјутерска графика и кинематографија: Технички серијата изгледа солидно, иако графиката на моменти изгледа „бедно“ и вештачки во споредба со познатите филмови и ТВ серии од овој вид. Сцените се сепак пријатни за око, а се снимаат во Австралија.

Кога и како да ја гледате: Па, нека биде навечер, но бидете одморени бидејќи ако ве фатила дремка, големи се шансите дека ќе заспиете. Не бидејќи серијата е досадна, туку дека е бавно темпото. Сосема е во ред да ја гледате сами. Приказната „не бара“ друштво.

Првата епизода е двојна, па трае скоро колку еден цел филм. Бидете подготвени да одвоите доволно време.Нова земја (Terra Nova)Слични филмови и серии: „Изгубени“, „Паркот Јура“, „Аватар“, „Војна на световите“

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Јас Reply

    многу интерсна! во моментов се снима сезона 2…

Остави коментар