Нова девојка (New Girl)

Нова девојка (New Girl)

Автор: Александар Ниневски

Нова девојка (New Girl)Главни улоги: Зои Дешанел, Џејк Џонсон, Макс Гринфилд, Ламорн Морис, Хана Симон

Жанр: ситуациска комедија (ситком)

Креатор: Елизабет Мериведр

Премиера: 20 септември 2011

Оригинален канал: Фокс

Број на сезони: 1

Статус: во тек

Времетраење: 20 минути

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (60 гласа, просек: 9,23 од 10)
Loading...


Како што кажува насловот, серијата се врти околу новата девојка Џес. Таа е весела и насмеана девојка во нејзините доцни дваесетти, која се обидува да го преболи бившото момче откако тој ја измамил. Така таа наоѓа ново место за живеење и нови пријатели кога ќе се всели со тројца млади мажи: Ник кој работи како бармен; Шмит, кој работи некоја досадна работа во канцеларија и мисли дека е Казанова; и Винстон кој е поранешен кошаркар. Иако тројцата  нови цимери сметаат дека Џес се однесува по малку чудно, сепак ја подржуваат најголем дел од времето. Во оваа група на пријатели подоцна се вклопува и другарка ѝ на Џес, Сиси која е модел.


Приказна: Голем број од интересните случки во серијата се причина на различните особини и карактери на сите ликови. Џес работи како наставничка во основно училиште која често влегува во чудни ситуации затоа што не сака да влегува во конфронтации. Исто така Џес често знае и да запее, притоа измислувајќи сопствени текстови кои одговараат на дадената ситуација.Нова девојка (New Girl)Нова девојка (New Girl)Ник е незавршен студент по право кој работи во еден локален бар. Тој нема среќа во љубовта и често сака да биде оставен на раат.Нова девојка (New Girl)Шмит е самопрогласен Казанова и верува дека е подарок за жените. Тој работи во канцеларија во една фирма каде што е единствениот маж и поради тоа е често исмејуван од своите колешки. Неговите цимери имаат тегла наменета за него, кога ќе каже некоја глупост – мора да стави пари во неа.Нова девојка (New Girl)Винстон е поранешен кошаркар кој играше во Латвија и моментално бара нова работа. Тој има голем натпреварувачки дух, но брзо му здосадуваат обичните работи и задачи.Нова девојка (New Girl)Сиси иако работи како манекенка, сепак има многу повеќе улично знаење и не се плаши од конфронтација за разлика од Џес. Тие две се најдобри другарки од детството. Иако на моменти не сака да признае, сепак постои некаква привлечност помеѓу Сиси и Шмит.

Кога и како да ја гледате: Кратка и слатка, по една епизода неделно е токму она што ви треба за си го подигнете расположението. Конзмирајте ја дозирано, но во кој било дел од денот, во друштво на неколку пријатели или со вашиот партнер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Peach :) Reply

    Predobra serija, od srce ja preporachuvam 🙂

  2. Mumu Reply

    a kade moze da ja gledame? dajte link

    • Наоколу Reply

      Ја има на замунда и екстраторент од каде сакаш од таму можеш да си ја симнеш инаку доста интересна серија која со задоволство ја гледам :).

  3. Maria Reply

    Може да ја гледате серијата (и мнооогу други серии, која ви душа посака) на watchseries.eu

  4. ама Reply

    доста ми е од вакви ЛЕЛЕ КОЛКУ СУМ СЛАТКА И ИНТЕРЕСНА ликови во серии. малку пауза. знам дека е inevitable пак да ги гледам, ама барем I will god damn try!

Напиши одговор на Maria Откажи одговор