Непријатно засрамена (Awkward)

TВ серија за една 15-годишна девојка, која случајно се наоѓа во редица засрамувачки ситуации, кои ја водат до неочекувана популарност помеѓу нејзините врсници во училиштето

Непријатно засрамена (Awkward)Главни улоги: Ешли Рикардс, Бо Мирчоф, Џилијан Роуз Рид, Џесика Лу, Брет Даверн, Ники Делоа, Моли Тарлов

Жанр: комедија, тинејџ-драма

Премиера: 19 јули 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 22 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (62 гласа, просек: 9.65 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Што може да се случи со вашиот живот откако ќе доживеете несреќа која сите погрешно ќе ја интерпретираат? Обидот за самоубиство сам по себе е лош потег, но последиците може да ви го променат животот, изненадувачки, но кон подобро.
————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Џена Хамилтон е млада девојка која често се чувствува невидливо во училиштето. Иако мудра за своите години, таа често делува како да не припаѓа во кругот на своето семејство и помеѓу нејзините врсници, но сè што сака е да се вклопи и да води нормален тинејџерски живот.Непријатно засрамена (Awkward)Дејството станува интересно откако добива едно анонимно злобно писмо кое е составено од неколку пораки кои го напаѓаат начинот на кој таа го живее животот, но истовремено на некој начин и ù помагаат да ги совладува секојдневните предизвици. Нејзиниот обид да одговори на писмото проследен со случаен пад, води до општата слика која изгледа како обид за самоубиство. Џена воопшто не е таков тип човек, но изгледа дека таа е единствената која верува во тоа. Како и да е, оваа лажна несреќа го насочува вниманието на целото училиште кон неа, па набрзо многуте вперени погледи во знак на сожалување стануваат мерка за нејзината голема популарност.Непријатно засрамена (Awkward)Напоредно со нејзината животна драма, таа води тајна врска со Мети Меккибен, кој е ултрапопуларен згоден дечко за кој никој не би поверувал дека има врска со девојка како Џена. Но, на Мети му се допаѓа Џена, само што не е сигурен дека сака јавноста тоа да го знае.
Непријатно засрамена (Awkward)Мајка ù на Џена немала време да ги проживее своите младешки години онака како што е нормално бидејќи останала бремена како многу млада, па со својата лудост изгледа како да го живее тинејџерскиот живот наместо нејзината ќерка. За среќа, нејзиниот татко е малку поразумен, па постои некој хармоничен баланс во семејството.
Непријатно засрамена (Awkward)Во животот на Џена има пријатели и непријатели, родители и други возрасни кои се однесуваат како деца… Фокусот е целосно на неа, на тој начин откривајќи ги и карактеристиките на другите ликови во серијата.
Непријатно засрамена (Awkward)Глумата е одлична, сцените се ведри, а хуморот дозиран, онаков од кој нема да ви доаѓа премногу.Непријатно засрамена (Awkward)Кога и како да ја гледате: ТВ серијата „Непријатно засрамена“ во моментов ги прикажува првите 12 епизоди од првата сезона, но веќе е најавена втората за следната година. Одлична тинејџерска драма, која поттикнува и длабоки психолошки размислувања без оглед на годините. Лесно е да се соживеете со приказната, а можете да ја гледате во кое било време од денот. Серијата е баш кратка и слатка. Па, уживајте!Непријатно засрамена (Awkward)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар