Неколку романтични комедии што и мажите би ги гледале

Сподели

Автор: Александар Ниневски

Мажите вообичаено не сакаат да гледаат романтични комедии или љубовни драми. Преферираат акциони филмови, научна фантастика, криминалистички трилери и слично. Сепак, веруваме дека лесно би можеле да ги убедите да гледаат еден од следниве филмови.Неколку романтични комедии што би ги гледале и машки

Заборавајќи ја Сара Маршал (Forgetting Sarah Marshall)

Овој филм изобилува со комични актери меѓу кои и Џејсон Сигал (Маршал од „Како ја запознав мајка ви“), Пoл Руд, како и прекрасните Кристен Бел и Мила Кунис.

Амели (Amélie)

Нема да згрешите со Амели. Филмот е смешен и интересен без да биде премногу „чикфлик“. Одри Тату одлично си ја завршува својата работа во филмот.

Подобро не може да биде (As Good As It Gets)

Штом станува збор за филм со Џек Николсон, знаете дека ќе уживате. Неговата трансформација од огорчен старец во нешто почовечно е одлична.

Задржувајќи ја вербата (Keeping the Faith)

Оваа филмска приказна со Бен Стилер, Џена Елфман и Едвард Нортон е класичен љубовен триаголник, кој поради професиите на мажите (свештеник и рабин) станува уште поинтересен.

Кога Хари ја запозна Сали (When Harry Met Sally)

Ова е еден од филмските класици со Мег Рајан и Били Кристал кој секој мора да го гледа.

Хич (Hitch)

Филмот е навистина премногу смешен, а како дополнителен бонус Вил Смит ќе ве научи како да танцувате.

(500) денови со Самер ((500) Days Of Summer)

Можеби филмов е по малку депресивен поради неговиот суров и директен пристап кон влегувањето во нова врска. Сепак, не е премногу нежен и ја истакнува динамиката на модерната врска, повеќе од типичната романтична комедија, без да го наруши хуморот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. gnoj Reply

    high fidelity!

Остави коментар