Некои од најдобрите филмови на сите времиња - Part 2

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

8. „Боречки клуб“ (Fight Club)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Како еден од најконтроверзните и најзборуваните филмови во 1990-тите, „Боречки клуб“ има неверојатно влијание врз поп културата. Познатиот цитат на Тајлер Дурден „Првото правило на Боречкиот клуб е да не зборуваш за Боречкиот клуб“ е можеби најпопуларен од оваа деценија.

9. „Лет над кукавичкото гнездо“ (One Flew Over the Cuckoo’s Nest)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Ова е вториот филм што ги има освоено Оскар во сите 5 главни категории. Филмот се смета за толку добар што во некои кина во Шведска бил прикажуван цели 11 години по ред.

10. „Шиндлеровата листа“ (Schindler’s List)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Направен според книгата на Томас Кинели, филмот на Спилберг не само што освои 7 Оскари, туку остана запаметен како еден од најдобрите филмови на векот.

11. „Евтини приказни“ (Pulp Fiction)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Познат по еклектичките дијалози, нелинеарната приказна и бројните референции од поп културата, овој филм доби 7 номинации за Оскар и ја доби наградата Palme d’Or на Канскиот филмски фестивал.

12. „Кум 2“ (The Godfather: Part II)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Вториот дел од трилогијата „Кум“ има освоено 6 Оскари и е зачуван во Националниот филмски регистар во САД. Ова е еден од ретките продолженија кои биле можеби и подобри од првиот филм.

13. „Бегство до Шошенк“ (Shawshank Redemption)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Иако филмот едвај ги покрил трошоците за снимање, има добиено многу позитивни критики и со текот на времето станал омилениот филм на телевизија и на ДВД.

14. „Граѓанинот Кејн“ (Citizen Kane)

Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Иако веднаш по премиерата се изгубил интересот за филмот, по Втората светска војна „Граѓанинот Кејн“ се прославил во странските држави, како на пример, во Франција. Благодарение на ова, филмот беше одново откриен и од американската публика, па го доби статусот на еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Доколку сакате покачување на адреналинот, погледнете кои се најдобрите хорор филмови на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар