Навреме (In Time)

Филм за потрагата по вечен живот, во која времето е буквално пари

Навреме (In Time)Режија: Ендрју Никол

Улоги: Џастин Тимберлејк, Аманда Сејфрид, Силиан Марфи, Оливија Вајлд, Мeт Бомер, Џони Галецки

Времетраење 109 минути

Јазик: англиски

Премиера: 28 октомври 2011

Жанр: научна фантастика, трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (38 гласа, просек: 9.08 од 10)

Loading...Loading...


Предвидувањата за иднината некако станаа нова мода во филмската индустрија. Но, повеќето се насочени кон крајот на светот и меѓусебно си ги позајмуваат сцените. Овој футуристички трилер нуди нешто друго, нешто поинакво, далеку подобро од досадните и исфорсирани „армагедони“. Ако се прашувате каков ќе биде светот во далечната 2161 година, но не сте расположени за сериозните Биг Бенг теории и црни дупки, погледнете ја визијата на Ендрју Никол, ќе ве изненади.

Во неговото последно остварување, технологијата оди напред, архитектурата се трансформира, но не и „пустите“ човечки желби. Сонот за вечната младост, за бесмртноста, е длабоко навлезен во генот и управува со човештвото. Ако пак, трката со времето е обележје на денешницата, за век и половина таа ќе стане базата на живеењето. Во куси црти, Никол ù нашол одлична примена на фразата „времето е пари“. Во 109 динамични минути, некои помалку, некои повеќе предвидливи, спакувал фино освежување за филмското платно…

Кино-благајните го потврдуваат успехот на „In Time“. Филмот бележи заработка од 105 милиони долари, што го става на третото место, веднаш зад „Мачорот во чизми“ (Puss in Boots) и „Паранормална активност 3“ (Paranormal Activity 3).


Содржина: Секој човек на земјата во левата рака има вградено имплант за време, кој се активира на 25-годишна возраст. Тогаш, човечката раса престанува физички да старее. Во имплантот има секунди за само уште една година живот, после која, секој мора да го заработи времето (животот). Во моментот кога ќе истече и последната секунда, животот завршува. Кредитните картички и парите не постојат, сè се мери и купува со време, а општеството е поделено на временски зони. Сиромашните живеат во гето во Дејтон, каде секој ден е борба за опстанок. Таму луѓето се во безнадежна трка со времето. Богатите пак, живеат во современ и екстремно луксузен град наречен Њу Гринич и располагаат со векови.Навреме (In Time)Приказната се врти околу 28-годишниот Вил Салас (Џастин Тимберлејк), кој едвај го заработува времето. Живее со неговата мајка (Оливија Вајлд) во сиромашното гето и работи тешка физичка работа. Спиењето за луѓето во оваа временска зона е вистински луксуз. Улиците се преполни со мртви тела, кои не успеале да заработат доволно минути за да го преживеат денот. Настаните добиваат малку поинаков тек, кога Вил една вечер ќе му го спаси животот на богатиот Хенри Хамилтон (Мет Бомер), кој јавно ќе се луксузира со скапоценото време, во бар во сиромашниот Дејтон. За возврат добива многу, шанса да ја напушти временската зона и да ги смени работите… По тој пат Вил нема да чекори сам, туку во друштво на преубавата Силвија Вејс (Аманда Сејфрид).Навреме (In Time)Навреме (In Time)Глума: Џастин уште еднаш покажа дека е подобар актер, отколку пејач. :-) Одлично одиграно од негова страна. И неговата партнерка во филмот, младата Аманда Сејфрид очигледно знае како да ја освои сцената. Време е долгогодишните истакнати ѕвезди, кои глумат и кога не им одговара улогата, да им го отстапат просторот на младите таленти. Очигледно ги има.Навреме (In Time)Навреме (In Time)Кога и како да го гледате: Не е важно кога ќе го гледате филмот, дали денеска, утре или задутре. Сеедно е. Она што е важно е да одвоите време и да го погледнете. Ако сметате дека во последно време ниту едно филмско остварување не го заслужило вашето внимание, можеби ова е шанса да се премислите. Иако филмот е научна-фантастика, сепак не треба да очекувате премногу ефекти и да чекате да се појави на големото платно. Слободно можете да си направите домашна кино-проекција, сами или во друштво.Навреме (In Time)Навреме (In Time)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар