Најспецифичните машки улоги во ТВ сериите

Најспецифичните машки улоги во ТВ сериите

Во изминативе две децении, сме имале прилика да изгледаме еден куп интересни серии, специфични и карактеристични, секоја на свој начин. Но во секоја серија, еден лик отскокнува и ја прави уште поинтересна, без разлика дали станува збор за главна или споредна улога. Сепак, честитки до режисерите за изборот на глумците, кои успеале успешно да ја пренесат нивната идеја, за ние гледачите да уживаме во нивните изведби. Ова се само дел кои ние ги издвоивме за вас.
.

  • Серија: ИМЗ: Мајами (CSI: Miami)
  • Лик: Хорацио Кејн
  • Глумец: Дејвид Карусо

Најспецифичните машки улоги во Тв сериите„Истрага на местото на злосторството: Мајами“, никогаш немаше да биде толку позната да не беше овој лик. Сите го знаат по неговите надалеку познати очила за сонце, а неговото специфично отворање на секоја епизода, со поставување енигма и заминување од кадарот, стана легендарно.
.

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеСо својата дрскост и британскиот акцент, овој лик ќе ве привлече уште од првата епизода. Ќе уживате во неговата генијалност и прецизност, а приказната на серијата во која глуми ќе ве воодушеви.
.

  • Серија: Теоријата за Биг Бенг (Big Bang Theory)
  • Лик: Шелдон Купер
  • Глумец: Џим Парсонс

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеЗарем може да се опише ваков лик!? Неговата прецизност и планирањето на секоја секунда од неговото време во комбинација со неговото знаење и генијалност ќе ве насмее до солзи. Маичките од супер херои кои ги носи во зависност од расположението, точниот распоред за секој оброк во неделата, комплицираните договори за цимерскиот живот и што ли уште нема да видите од овој лик.
.

  • Серија: Третиот камен од сонцето (Third rock from the sun)
  • Лик: Дик Соломон
  • Глумец: Џон Литгоу

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеЈа паметите оваа серија, нели? Одличниот хумор кој ù го носи овој лик на серијата е многу важен дел од успехот кој таа го постигна. Вонземјанинот во човечко тело, како глава на лудото семејство секогаш знаеше да ги каже „најпаметните“ работи, а токму затоа публиката го обожаваше.
.

  • Серија: Фрејзер (Frasier)
  • Лик: Фрејзер Креин
  • Глумец: Келси Гремер

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеНеверојатно смешниот психијатар со свое радиско шоу е длабоко влезен во историјата на најдобрите комични ликови на сите времиња. Надополнет од својот брат Нилс Креин и татко му Мартин, скоро е невозможно да не го сакате.
.

  • Серија: Калифорникација (Californication)
  • Лик: Хенк Муди
  • Глумец: Дејвид Духовни

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеРазведениот татко, кој меѓу другото е познат писател, е главна ѕверка во Калифорнија по кого сите жени сечат вени. Нездравиот начин на живот и неговиот несериозен пристап кон работите, го прават овој лик многу интересен.
.

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеДрскост, дрскост и само дрскост. Главниот лик на оваа серија е склоп од комплексност и професионалност, а неговиот изглед само ја надополнува сликата. Со слободна мисла, без влакна на јазикот и со извонредно проткаениот хумор на ниво, овој лик и тоа како ја прослави оваа серија.
.

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеСекогаш перфектно костумосаниот Барни е еден од оние ликови кои се паметат вечно. Големиот „швалер“ прави одлична дигресија во мирното и забавно друштво во серијата, а неговите фрази и постапки пополека стануваат легендарни.
.

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеЧовекот кој без влакна на јазикот и со крајна дрскост оди до крај за да обезбеди најдобар ангажман за своите клиенти. Безобразен, нападен и енергичен на работа, кроток и емотивен со семејството, него го сакате, додека истовремено и го мразите. Ари Голд се пика под кожа кај сите останати во серијата, но и кај публиката. Кратко кажано, човекот е цар!
.

Најспецифичните машки улоги во Тв сериитеЛаднокрвен, сталожен, пристоен и мирен се додека не му згрешиш некако нему, на неговото семејство, пријателите, но и на човечкиот морал и достоинство. Според многумина, една од најдобрите серии некогаш снимена, токму поради одлично замислениот и реализиран лик на Декстер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. 1231 Reply

    Doktor Haus i horacijoo! 😀 <3

  2. Екка Reply

    Dr. House & Barney – najdobrite! Gi obozhavam!

  3. aleksandar Reply

    bravo za house i za ari gold
    no iskreno vi fali jack buer od 24 ako nekoj glumi so poveke strast od nego ….

  4. nadica Reply

    Vi fali i Gibs od NCIS

  5. Demonic Reply

    House…making my ovaries explode from his sexiness xD.

    А иначе за Декстер…баш го нашле џинџер ко претставник за суштество без душа. Картман од Саут парк има право во случајов :D.

  6. buceto:* Reply

    Хорацио Кејн-Дејвид Карусо mi e najomilen glumec….. 😀

  7. Ivva Reply

    Abe kaj Vi e Nik SLoter od “Tropsi gorestini” … bez nego nisto ne pravime 😀

  8. Ики Reply

    Не е само Барни за How I met your mother 😀 Сите се еднакво специфични и одлични ликови 🙂

Остави коментар