Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Следните 12 месеци ќе им понудат на фановите една богата комбинација од нови ТВ серии, започнувајќи од драми кои ја анализираат музичката индустрија, па сè до приказни за криминалот во 50-тите години во Париз. Всушност, следуваат толку многу новитети, што некои критичари се прашуваат дали конечно го достигнавме периодот кога ТВ сериите се во својот најголем подем. Додека ова можеби претставува проблем за критичарите, фановите можат да седнат, да се опуштат и да уживаат во една одлична забавна програма.

1. Среќен човек (Lucky Man)

Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Овој лесен трилер се врти околу Стен Ли, легенда од светот на Марвел, како и за славата на Спајдермен, Икс-мен и Одмаздниците. Ќе имаме можност да го гледаме Џејмс Незбит како Клејтон, детектив кој наидува на една магична бразлетна која му носи добра среќа, но и го носи до негативецот кој си ја бара назад. Серијата премиерно ќе ја емитува својата прва епизода на 22 Јануари, во 21:00 часот (според американското централно стандардно време), на каналот Sky1.

2. Винил (Vinyl)

Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Дејството на една од најочекуваните нови драми на HBO, „Винил“, се одвива на музичката сцена во Њујорк, во 1970-тите години. Серијата има фантастично педигре на плејада познати и талентирани филмски и музички работници: Создадена е од Теренс Винтер и е во продукција на ѕвездата на Rolling Stones, Мик Џегер и оскаровецот Мартин Скорсесе, кој исто така ја режираше првата епизода. Главните актери се Боби Канавејл, Оливија Вајлд и Реј Романо, како и синот на Мик Џегер – Џејмс. Серијата премиерно ќе се емитува на 15-ти февруари на каналот Sky Atlantic.

3. Ноќниот менаџер (The Night Manager)

Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Том Хидлстон ја толкува главната улога во истоимената адаптација во шест дела на шпионската новела од познатиот писател Џон ле Кар. Станува збор за поранешен војник кој работи како ноќен менаџер во еден европски хотел, кој е повторно регрутиран од страна на агентот Оливија Колман со цел да ја уништат мрежата на еден трговец со оружје, чиј лик, пак, го толкува ѕвездата на серијата Д-р. Хаус – Хју Лори. Премиерата на првата епизода е закажана за 1-ви април, на каналот BBC1.

4. Клас (Class)

Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Дејството на оваа ТВ серија која е инспирирана од Доктор Ху и е наменета за адолесценти, се одвива во измисленото Коал Хил училиште во Лондон, каде постојано избувнуваат нови опасности и предизвици низ временската и просторна компонента и кои го оставаат градот во пустош. Сценариото е на критички прифатениот автор Патрик Нес и е пишувано во духот на ТВ серијата „Бафи, убиец на вампири“ и „Игрите на гладните“, па како такво ги истражува времето, просторот и темните сили кои можат да обземат еден тинејџерски живот. Премиерно ќе се емитува на пролет, на каналот BBC3, а точниот датум сѐ уште не е познат.

5. Маигрет (Maigret)

Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

Роуан Аткинсон, на народот познат како Господинот Бин, ја игра насловната улога на лукавиот француски детектив Жул Маигрет во новата адаптација на истоимените детективски приказни од Џорџ Сименон. Дејството ќе биде поделено на две долгометражни и наративно неповрзани епизоди со наслов „Маигрет поставува стапица“ и „Мртвиот човек на Маигрет“, чие дејство се одвива во 50-тите години, во Париз. Ќе се прикажува на каналот ITV, а точниот период и датум на емитување допрва треба да се најават.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар