Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

Иако оваа година, како и секоја претходно, имаме голем избор кога станува збор за драми, сепак овие три приказни со своите специфични карактеристики успееја да се издвојат од толпата. Во продолжение погледнете за кои ТВ серии станува збор.
Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

1. Нема утре (No Tomorrow)

Тоа што ја прави оваа ТВ серија вистинско изненадување, покрај хуморот и мудрите досетки, е што допира до гледачи на сите возрасти. И покрај тоа што романтичните комедии се најчесто наменети за женската публика, оваа приказна може да го задржи вниманието и на мажите, правејќи ја една од најгледаните за оваа сезона.

2. Бул (Bull)

Мајкл Ветерли ја толкува улогата на д-р Џејсон Бул во драма инспирирана од раната кариера на д-р Фил Мекгро. Брилијантен, моќен и шармантен, д-р Бул е куклар што ги држи сите конци во своите раце така што комбинира психологија, човечка интуиција и најнова технологија за да владее со судниците и да открие што кријат поротниците, адвокатите и сведоците.

3. Егзорцист (The Exorcist)

Иако станува збор за специфичен жанр што не е за сечие срце, сепак благодарение на темната атмосфера, брзото дејство, солидните ефекти и силниот перформанс од целиот тим актери, оваа ТВ серија брзо се вивна меѓу најдобрите оваа година. Отсекогаш било тешко да се направи телевизиска адаптација на моќен филм, но сега засега, Егзорцист добро се држи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар