Најдобрите филмови од 2017-та година

Најдобрите филмови од 2017-та година

2017-та беше навистина добра година за филмови. Блокбастерите беа одлични, но имаше и многу добри инди филмови. Оваа година гледавме филмови за Втората светска војна, ги гледавме омилените суперхерои, но и неколку неверојатни драми. Погледнете кои се најдобрите филмови од оваа година.

1. Големата болест (The Big Sick)

(1)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Оваа неверојатна драма си игра со елементите на романтичните комедии и е на некој начин според вистинска приказна. Филмот раскажува за човек кој мора да се соочи со родителите на неговата љубена откако таа добива некоја мистериозна болест. Филмот покажува сочувство кон сите кои имаат искуство со имиграција, но и ни дава увид за тоа како е да се биде во ваква уникатна ситуација.

2. Данкирк (Dunkirk)

(2)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Филмот на Кристофер Нолан е навистина уникатно искуство кое може да се опише како емоционална драма и вистинско чудо. Има одлична рамнотежа помеѓу неколку временски рамки и разни гледни точки. Можеби веќе има премногу филмови за Втората светска војна, но овој филм е вистински триумф во кинематографијата. Целиот филм е како една долга акциона секвенца и ќе ве остави без здив.

3. Проект Флорида (The Florida Project)

(3)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Овој филм е поглед кон семејствата кои живеат веднаш до забавниот парк Дизниленд. Филмот ни нуди поглед на често игнорирана подкултура и ни покажува како живеат сиромашните веднаш до „Магичното кралство“. Групата деца која предизвикува неволји дава чувство на заедница кај група очајни странци и импровизирани семејства.

4. Јас, Тоња (I, Tonya)

(4)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Оваа драма ни ја прикажува познатата трагедија каде што талентирана девојка се обидува да успее во лизгање на мраз додека се справува со сопругот и мајката кои ја малтретираат. Исто така сме сведоци на половите стереотипи со кои се соочува главниот лик. Овој филм е како морално искупување за жртвата на патријархалниот систем од 1990-тите.

5. Бубамара (Lady Bird)

(5)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Ова е комплексна приказна за мајка и ќерка, приказна за сиромаштијата во средната класа и приказна за првата љубов и скршените срца. Можеби идејата не е нова, но ова е прекрасен филм полн со шармантна човечност.

6. Мајка! (Mother!)

(6)najdobrite-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Ова е филм кој треба да го искусите. На некој начин е парабола на Библијата и го прикажува предизвикот на живеењето со опсесивен уметник. Ова е можеби најнапнатиот филм од оваа година.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар