Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

Денес, кога телевизијата е многу развиена, избирањето неколку најдобри ТВ серии е речиси невозможно, затоа што постојат многу што го заслужуваат тој епитет. Исто така речиси е невозможно да гледате сѐ, затоа што во последно време се снимаат премногу ТВ серии. Токму затоа погледнете ги најдобрите (според гледаност и присуство на социјалните мрежи и медиуми) за 2016 година, но не разочарувајте се ако вашите омилени не се на оваа листа, затоа што изборот е навистина многу голем!

1. Западен свет (Westworld)

Топ 5 ТВ серии за 2016 година

Оваа ТВ серија за драматичните роботи и луѓето кои ги малтретираат честопати е споредувана со ТВ серијата „Изгубени“ (Lost). Сепак, покрај сите недостатоци на последните сезони на серијата „Изгубени“, ликовите секогаш правеа тешки драматични издигнувања. Главните ликови во „Западен свет“ не се сѐ уште таму, но без сомнение се наоѓаат на истиот пат. Првата сезона предизвика бурни реакции кај публиката. Оваа приказна од 100 милиони долари е хит, односно последната епизода од сезоната привлекла дури 2,2 милиони гледачи во живо.

2. Ова сме ние (This is Us)

(2) Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

Оваа ТВ серија е драма и комедија и тука се балансираат емоциите и смислата за хумор. „Ова сме ние“ има добиено три номинации за златен глобус, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобра драмска серија. Во однос на рејтингот, таа дава далеку подобри резултати од голем број други со слични тематика, постигнувајќи во просек околу 9,5 милиони гледачи во живо.

3. Почудни нешта (Stranger Things)

(3) Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

Еден дел од оваа ТВ серија обрнува внимание на одличната научна фантастика од седумдесеттите и осумдесеттите години, а серијата беше најголем летен хит благодарејќи на нејзиниот мистериозен и енергичен стил. Нетфликс ги нема објавено податоците за нејзината гледаност, но „Почудни нешта“ остави значајни впечатоци, а таа е и една од најмногу дискутираните на социјалните медиуми, при што фановите со нетрпение ја очекуваат втората сезона.

4. Атланта (Atlanta)

(4) Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

„Атланта“ е серија која се занимава со прашања во врска со расата, полот и идентитетот, на смешни и депресивни начини. Нејзините експериментални епизоди во средина на сезоната се брилијантни и целокупниот тон и стил се неверојатно уникатни. Таа е номинирана за два златни глобуси, вклучувајќи и најдобра ТВ серија, музичка серија и комична серија.

5. Добро место (The Good Place)

(5) Најдобрите 5 ТВ серии од 2016 година

Оваа ТВ серија има оригинален хумор, а што друго би можело да се очекува од нејзиниот творец, Мајкл Чур? Првата половина од првата сезона имала во просек 5,14 милиони гледачи во живо, победувајќи голем број комични ТВ серии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар