Надарен (Hung)

Надарен (Hung)

Автор: Александар Ниневски

ТВ серија за еден наставник во средно училиште кој работи како жиголо

Надарен (Hung)Главни улоги: Томас Џејн, Џејн Адамс, Ребека Крескоф и Ен Хеш
Жанр: комедија, драма
Креатори: Дмитри Липкин и Колет Бурсон
Премиера: 28 јуни 2009
Оригинален канал: ХБО
Број на сезони: 3
Статус: завршена
Времетраење: 28 минути
Наша оценка: 7
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 8,82 од 10)
Loading...

Приказна: „Hung“ или „Надарен“, го следи животот на Реј Дрекер, несреќен и финансиски нестабилен наставник по историја и спортски тренер во средно училиште во предградие на Детроит. Тој исто така е татко на близнаците Дејмон и Дарби кои живеат со нивната мајка Џесика и нејзиниот маж Рони. Откако неговиот дом од детството е уништен во пожар и е приморан да живее во шатор во неговиот двор, на Реј не му остануваат многу опции. Со помош на неговата пријателка Тања, Реј одлучува да го претвори неговиот екстремно голем пенис во прилика за заработка на пари.Надарен (Hung)Надарен (Hung)Епизодите се базираат на обидите на Реј да води „нормален“ живот, додека истовремено го започнува својот бизнис како машка проститутка. Заедно со Тања го започнуваат нивниот бизнис „Консултанти за среќа“.Надарен (Hung)Низ епизодите ќе можете да го видите Реј во повеќе различни ситуации и „позиции“. Заедно со Тања не се обидуваат само да продадат секс, туку се обидуваат да им донесат среќа на нивните клиенти. Во меѓувреме Реј се обидува да биде добар татко на проблематичните близнаци и притоа да ги одржи неговите два животи одвоени.Надарен (Hung)Она што е доста симпатично во серијата е динамиката на врската помеѓу проститутката Реј и макрото Тања. Реј е прикажан како по малку срамежлив средовечен наставник по историја кој несигурно влегува во водите на проституцијата. Додека пак Тања е писателка која работи здодевна работа во весник и одеднаш решава да започне бизнис како макро бидејќи верува дека со нејзините способности, и големиот „алат“ на Реј можат да успеат.Надарен (Hung)Надарен (Hung)Во втората сезона таа динамика ќе биде нарушена од новото макро на Реј – Ленор, која што ја глуми одличната Ребека Крескоф. Ленор работи како животен водич, таа беше донесена од Тања на почетокот за да им помогне, за подоцна да се обиде на повеќе начини да ја отстрани Тања и да го задржи Реј само за себе. Во третата сезона Ленор ќе се обиде да им ги украде клиентите на Тања и Реј, со нејзиниот нов и помлад жиголо Џејсон.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар