Мајки, искористете го секој момент! 16 инспиративни филмови кои треба да ги погледнете заедно со вашето дете

Ова не се само обични филмови. Тие во себе содржат силни пораки кои ќе ги научат вашите деца како да донесуваат добри одлуки, да го зголемат својот морал и како да станат најдобрата верзија од себе. Задоволни сме што компаниите како „Дизни“ и „Пиксар“ ги праќаат истите пораки кои ние сакаме да им ги пренесеме на нашите деца. Па затоа, одвоите малку време и погледнете ги овие филмови заедно со вашите деца.

0-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

1. „Мулан“ – Никогаш не откажувајте се!

Мулан е млада девојка кој дознава дека нејзиниот татко е повикан во војска. Знаејќи дека тој никогаш не би преживеал под строгите мерки на војната во својата држава, таа одлучува да се маскира и да се приклучи во војната на негово место.

1-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

„Цветот кој цути во тешки околности е најредок и најубав од сите.“

2. „Кралот лав“ – Учете од своите грешки!

Младиот наследник на престолот учи како да ја балансира одговорноста со забавата преку обиди и грешки, патем создавајќи прекрасни пријателства.

2-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

„Ах, да, минатото може да боли. Но, од моја гледна точка, може да бегаме од него, или пак… да научиме од него.“

3. „Пепелашка“ – Трпението е доблест

После ненадејната смрт на нејзиниот татко, младата Ела се препушта на милост и немилост на својата маќеа. И покрај сите околности, Ела одбива да очајува. Една покана за бал ја враќа надежта на Ела дека повторно ќе го види странецот кој го запознала во шумата, но нејзината маќеа нема да ѝ дозволи да замине. Помошта пристигнува од една жена која со помош на магија обичните работи ги претвора во волшепство.

3-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

„Дури и за чудата е потребно време.“

4. „Аладин“ – Не судете ја книгата по кориците!

Аладин е уличен крадец кој живее во голем, бучен град заедно со својот најверен пријател, мајмунчето Аби. Кога на принцезата Јасмин ќе ѝ досади животот во палатата, таа тајно ќе побегне и случајно ќе го запознае Аладин. Аладин е фрлен во затвор, но успева да побегне со помош на магичната ламба. Легендата вели дека само еден човек кој се издвојува од останатите може да ја добие старата ламба од „пештерата на чудата“. Аладин можеби одговара на тој опис…

4-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

„Нека не ве залажува надворешниот изглед. Како и за многу други работи, не е важно она што е однадвор, туку она што се крие однатре.“

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар