Луди 70-ти: каде се тие сега?

Луди 70-ти: каде се тие сега?

Автор: Моника Трајковска

Подгответе се за флешбек од TВ-серијата „Луди 70-ти“. Поминаа 6 години откако го напуштивме подрумот на Форман и сега кога веќе се расчисти чадот кој мирисаше чудно, можеме да забележиме дека некои од глумците станаа големи ѕвезди.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Тофер Грејс (Ерик Форман)

Вистинското име на овој глумец било Кристофер, но бидејќи не сакал да го викаат Крис, го променил во Тофер. Тој во серијата „Луди 70-ти“ го глумеше тинејџерот Ерик кој никогаш не доаѓаше до израз. Тофер ја напушти последната сезона од ТВ-серијата за да се обиде да успее на големото платно и ја доби улогата на негативецот Веном во третиот дел од Спајдермен. Тој успеа во своите намери да стане филмска ѕвезда и стана дел од филмови како „П.С.“, „Предатори“ и „Одведи ме дома вечерва“.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Лаура Препон (Дона Пинчиоти)

Лаура ја имаше улогата на Дона, најголемата машкуданка, која воедно му беше сосетка и девојка на Ерик. Веднаш по завршувањето на шоуто, таа ја доби главната улога во ТВ-серијата „Патот октомври“. Таа гостуваше и во неколку многу познати серии како „Касл“ и „Како ја запознав мајка ви“. На почетокот од оваа година Лаура конечно им се врати на своите корени со улогата на младата Челси Хендлер во серијата „Таму ли си Челси“.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Дени Мастерсон (Стивен Хајд)

Дени со својата „луда“ фризура и наочари типични за 70-те ја имаше улогата на саркастичниот Хајд, најдобриот пријател на Ерик. Денес тој е професионален диџеј, сопственик на голем број ресторани (од кои неколку дели со Кучер и Валдерама) и одржува славни покер-настани. Но и покрај сè, тој сепак наоѓа време и за глумење, појавувајќи се како гостин во „Надеж која расте“ и „Белиот ремен“. Ова лето, тој ќе ја има главната улога во комедијата „Мажи на работа“. Дури изгледа и како конечно да ја „скротил“ својата фризура.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Ештон Кучер (Мајкл Келсо)

Кога започна снимањето на шоуто, тој беше само непознат тин-модел. Кучер совршено ја долови улогата на симпатичниот и не баш интелигентен, Келсо. По завршувањето на серијата тој беше во брак со Деми Мур и има снимено неколку незаборавни филмови како „Што се случува во Вегас“ и „Убијци“. И кога сите помислија дека неговата кариера расте со неверојатна брзина, тој ја доби улогата во познатата серијата „Два и пол мажи“ како замена за Чарли Шин, која според многумина го врати неколку чекори наназад.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Мила Кунис (Џеки Буркхарт)

За време на аудицијата за шоуто од 70-те, Мила лажела дека има 18 години само за да може да учествува. Таа ја добила улогата и неколку недели пред почетокот на снимањето признала дека има само 15 години, но тоа воопшто не влијаеше врз нејзиниот понатамошен успех. Мила брзо се прилагоди на улогата како доминантната девојка на Келсо, Џеки. По завршувањето на снимањето таа го позајмува својот глас во „Семејниот човек“, и потоа започнува да гради цврста филмска кариера со улогите во филмови како „Заборавајќи ја Сара Маршал“ и „Книгата на Илај“. Но, благодарение на улогата во „Црниот Лебед“ од 2010, конечно се забележа нејзиниот сериозен талент за глумење и денес таа е на листата на најталентирани актерки во светот.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Вилмер Валдерама (Фез)

Необичниот студент од странство, Фез (за кој ни ден денес не се знае од која држава потекнува), Вилмер постојано измамуваше насмевка кај публиката со добро познатите етнички стереотипи. Во еден период тој беше познат по врските со старлети како Линдзи Лохан и Деми Ловато, но овој месец се очекува голем успех од него, бидејќи игра улога како детектив во серијата „Буден“.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Куртвуд Смит (Реџиналд „Ред“ Форман)

Да глуми улога на злобен лик, не беше ништо ново за Смит, кога ја прифати оваа на намуртениот татко на Ерик, Ред. Тој се проби со филмовите „Здружението на мртвите поети“ и „Робокап“, но улогата на Ред ја покажа комичната страна на овој глумец и оттогаш тој продолжува да работи со овој жанр во филмови како „Најлошата недела“. Исто така се појави во „Болница за деца“ и во комедијата за ЦИА „Хаос“.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Дебра Џо Руп (Кити Форман)

Секогаш насмеаната Дебра беше во центарот на вниманието како слатката и секогаш загрижена мајка на Ерик, Кити. Нејзината природна разиграност помагаше при балансирање на сериозноста и строгоста на Ред. Дебра имаше уште една слична улога во серијата „Подобро со тебе“ која траеше само една сезона, но сите сме сигурни дека таа во брзо време повторно ќе се врати на ТВ екраните.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Дон Старк (Боб Пинциоти)

Дон како таткото на Дона, започна во шоуто заедно со неговата прекрасна жена, Миџ (Тања Робертс) покрај него. По завршувањето на снимањето, тој остана доследен на својата улога со неколку гостувања во серии како „Закон и ред: ЛА“ и „Мелиса и Џои“. Наредниов месец тој конечно ќе стане дел од големото платно во научно-фантастичната авантура „Џон Картер“.Луди 70ти - Каде се тие сега?

Лиса Робин Кели (Лори Форман)

Приказната за глумицата која ја имаше улогата на постарата промискуитетна сестра на Ерик, Лори е малку тажна. Таа беше отпуштена од шоуто поради злоупотреба на алкохол и дрога. Во 2005 година го има снимено единствениот свој краток филм наречен „Ланец на исхрана: страшна Холивудска приказна“. Во 2010 година таа е уапсена поради возење во алкохолизирана состојба и сè уште нема никаква најава дека повторно ќе се врати на глумата.Луди 70ти - Каде се тие сега?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар