Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

Филм за тоа колку љубовта може да биде слатка, но понекогаш и горчлива и за справувањето со длабоките емоции кои притоа го облеваат човечкото срце

Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Режија: Глен Фикара и Џон Реква

Улоги: Стив Карел, Рајан Гослинг, Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон, Џона Бобо

Времетраење: 118 минути

Јазик: англиски

Премиера: 29 јули 2011

Жанр: романтична комедија, драма

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (57 гласа, просек: 9,21 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Можеби на прв поглед ќе помислите дека „Луда, глупава љубов“ е уште една романтична комедија, со неколку заплети и расплет со среќен крај. Но, овој филм не само што на неколку пати добро ќе ве изнасмее, тој и ќе ве натера да размислите и да ги „разбудите“ вашите најдлабоки љубовни емоции. Интересно е тоа што филмот е многу модерен и ги прикажува видовите на љубовно однесување на современите луѓе (стабилни врски, секс за една вечер, среќни бракови кои завршуваат со развод, афера со колега од работа, дете вљубено во постара девојка…)

Секој од нас си мисли дека вистинската љубов треба да е едноставна, да не боли, туку само да лекува, но да бидеме искрени, тоа е сепак невозможна реалност, нели?! Овој филм ја прикажува токму таа комплексност на љубовните врски, справувањето со љубовните разочарувања, но и задржувањето на љубовните успеси. Овој филм е по малку машки, бидејќи повеќе ја прикажува емотивната состојба на мажите кога тие се чувствуваат немоќни да ја спасат нивната љубовна врска со саканата, што го прави уште поинтересен, бидејќи сме навикнати да гледаме романтични комедии претставени од поженска перспектива.

Најдоброто од сè, е што филмот не е толку лесно предвидлив, па уживањето во „рипањето“ од еден на друг фокус и на крајот совршено склопената целина, е големо.
————————————————————————————————————————————————–

Кратка содржина: На четириесет и кусур години, правичниот Кал Вивер смета дека живее совршен живот. Има добра работа, убава куќа, одлични деца и е женет со неговата љубов од средно училиште. Но кога тој дознава од жена му дека таа го изневерила со заводливиот колега од работа и бара развод, неговиот „совршен“ живот станува пекол. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Плус, тој не бил сингл две декади и не знае ни како да се однесува со други жени. Поминувајќи ја секоја вечер во локалниот бар, осамен, очаен и намуртен, го запознава неодоливиот триесет и нешто годишен Џејкоб, секси маж, кој ќе го учи како да брка женски и да ја врати мажественоста во себе. Со цел да му помогне на Кал да ја преболи жена му, Џејкоб му ги отвора очите кон многу можности: како да заведува згодни девојки, да пие „машки“ алкохолни пијалаци и да оформи сопствен имиџ. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кал и неговата жена Емили не се единствените кои ја бараат љубовта на погрешно место. Нивниот тринаесетгодишен син Роби е лудо заљубен во неговата седумнаесетгодишна бебиситерка Џесика, која пак е вљубена во татко му, Кал.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Глума: На смееме да изоставиме да ја споменеме глумата на Рајан Гослинг, кој покажа дека умее совршено да се вклопи во улогата на ладнокрвен криминалец во „Drive“, да биде непоправлив романтичар во „The Notebook“ и да биде нескротлив и дрзок женкар во „Crazy, Stupid, Love,“ кој може да ја освои секоја девојка што ќе посака. Тој очигледно умее да ги одбере вистинските улоги за него. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Веднаш зад него е Стив Карел кому одлично му прилега улогата на маж во години, кој е „изгубен во вселената“ откако жена му го остава за друг. Останатите актери во филмот, како Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон и четиринаесетгодишниот Џона Бобо, одлично си ја донесуваат нивната улога, исто така.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кога и како да го гледате: Може да се каже дека овој филм е наменет за секој тип луѓе, во кој било дел од денот и во какво било друштво. Бидејќи тој изобилува со една искреност, емоционална длабочина, ненаметлив хумор кој повеќекратно ќе ве изнасмее до солзи и ја анализира човековата љубовна состојба, прикажана преку различни карактери и во различни ситуации, нема причина зошто да не одвоите два часа и да се релаксирате гледајќи го.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. А. Стоименов Reply

    Се одлучив и ја да гледам романтична комедија.
    Се смеев до солзи.

Напиши одговор на А. Стоименов Откажи одговор