Листа на летни романтични филмови

Листа на летни романтични филмови

Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.Листа на летни романтични филмови

1. Повторно ти (You Again)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Марни е тинејџерка која со својот изглед не им го привлекува вниманието на момчињата, а девојките од училиштето ù се најголем кошмар. Неколку години подоцна станува успешна убава девојка која одамна не живее во своето родно место. Но, еден ден мора да се врати за свадбата на нејзиниот брат, кој се жени со најзлобната „другарка“ од минатото, која пак згора на сè, наводно не се сеќава на неа.
.

  • Улоги: Кристен Бел, Одет Анабел, Сигурни Вивер
  • Премиера: 24 септември 2010
  • Времетраење: 105 минути
  • Наша оценка: 5

.

2. Од таа ноќ во Рим (When in Rome)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, после што е опсипана со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.

.
.

  • Улоги: Кристен Бел, Џош Духамел, Анџелика Хјустон
  • Премиера: 29 јануари 2010
  • Времетраење: 91 минута
  • Наша оценка: 5

.

3. Што се случува во Вегас (What Happens in Vegas)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Една случајно настаната млада брачна двојка, во текот на една луда ноќ во Вегас, станува добитник на џек пот, поради што е принудена на заеднички живот. Судијката сака да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека треба да се стремат нивниот брак да успее, но тие едвај успеваат да се поднесат еден со друг, додека истовремено постојано коваат планови како да го „лизнат“ својот партнер за да ги земат сите пари за себе.
.
.

  • Улоги: Камерон Дијаз, Ештон Кучер, Роб Кордри
  • Премиера: 9 мај 2008
  • Времетраење: 99 минути
  • Наша оценка: 6

.

4. Само пријатели (Just Friends)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Враќајќи се во својот роден град за божиќните празници, Крис ја среќава Џејми, девојката која отсекогаш била негов сон и поради која од смешен дебелко кој сите го задеваат, станува згоден фраер и срцекршач. Ова е малку постара романтична комедија, чие дејство се одвива во зимно време, но одлично доаѓа како предизвикувач на вашите стомачни мускули, кои треба да се што постегнати за време на летото.
.
.

  • Улоги: Рајан Рејнолдс, Ејми Смарт, Ана Фарис
  • Премиера: 23 ноември 2005
  • Времетраење: 96 минути
  • Наша оценка: 8

.

5. Престапна година (Leap Year)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Ана заминува во Даблин за да го изненади своето момче, кое таму е на службено патување, а со цел да му предложи брак на 29 февруари. Според ирската традиција, мажот на кој девојката ќе му предложи брак на овој ден, мора да ја прифати понудата. Но, нејзиното патешествие е неверојатно, од жалосно до смешно. Сепак, таа има друштво по пат, сè додека да стигне до нејзиниот иден сопруг.

.
.

  • Улоги: Ејми Адамс, Метју Гуд, Адам Скот
  • Премиера: 8 јануари 2010
  • Времетраење: 100 минути
  • Наша оценка: 7

.

6. Животот, онаков каков што го знаеме (Life as we know it)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.
.

  • Улоги: Кетрин Хајгл, Џош Духамел, Џош Лукас
  • Премиера: 8 октомври 2010
  • Времетраење: 114 минути
  • Наша оценка: 7

.

7. Мали деца (Little Children)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Приказна во стилот на „Мадам Бовари“, но на американски начин. Дејството се одвива околу две брачни двојки и нивните деца. Сара е во брак во кој нема љубов и постојано размислува за нешто повеќе во животот додека нејзината ќерка си игра во паркот. Овде го среќава Бред кој е во брак со прекрасна жена, која додека снима документарци, тој мора да се грижи за домот и за нивниот син. Сара и Бред силно се поврзуваат, што на патот полн со гревови, ги води онаму каде што припаѓаат.
.

  • Улоги: Кејт Винслет, Џенифер Конели, Патрик Вилсон
  • Премиера: 3 ноември 2006
  • Времетраење: 137 минути
  • Наша оценка: 8

.

8. Врска на далечина (Going the Distance)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Герем само што излезе од долга врска, а на Ерин ù преостануваат уште 6 недели како стажист во Њујорк Сентинел пред да се врати во Сан Франциско. Случајно се среќаваат една вечер во бар и започнуваат лабава врска, која прераснува во нешто поголемо, па тие мораат да се мачат да ја одржат на далечина.
.
.

.

  • Улоги: Дру Баримур, Џастин Лонг, Рон Ливингстон
  • Премиера: 3 септември 2010
  • Времетраење: 102 минути
  • Наша оценка: 7

.

9. Гола вистина (The Ugly Truth)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да ù даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.
.

  • Улоги: Кетрин Хајгл, Жерард Батлер, Бри Тарнер
  • Премиера: 24 јули 2009
  • Времетраење: 96 минути
  • Наша оценка: 7

.

10. Писма за Џулиета (Letters to Juliet)

Листа на летни романтични филмовиКратка содржина: Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот исполепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно, кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.
.

.

  • Улоги: Аманда Сајфред, Гел Гарсија Бернал, Ванеса Редгрејв
  • Премиера: 14 мај 2010
  • Времетраење: 105 минути
  • Наша оценка: 6

Предлози за понови филмови од различни жанрови ќе најдете во нашата категорија Филм.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Рита Reply

    Leap year e прекрасен филм! На сите ви го препорачувам! 🙂

  2. Zorica Reply

    The ugly truth e preubav film

  3. Maja Reply

    love and other drugs mora da go gledate:) najdobra romanticna komedija http://www.youtube.com/watch?v=WKtrLiQTSM8

  4. Biber Reply

    Life a we know it
    what happens in Vegas
    the ugly truth
    Letters to Juliet
    when in Rome
    leap year

    are really wonderful movies…you all have to see them because they are really beautiful…

  5. 'Ella Reply

    ” Letters to Juliet ” e preeeeubav romantichen film..eden od najubavite shto sum gi gledala 🙂

  6. sanja Reply

    gledajte go MY FAKE FIANCE 🙂

Напиши одговор на Maja Откажи одговор