Лажливата игра (The Lying Game)

Лажливата игра (The Lying Game)

ТВ серија за различните судбини на посвоените деца, неочекуваните животни пресврти, мистеријата и лагите од страна на децата и родителите

Лажливата игра (The Lying Game)Главни улоги: Александра Чендо, Али Гонино, Алис Грачин, Кристен Праут, Блер Редфорд, Енди Бакли, Шерон Пјер Луи, Хелен Слејтер

Жанр: тинејџ-драма, мистерија, трилер

Премиера: 15 август, 2011

Јазик: англиски

Креатор: Сара Шепард

Број на сезони: 1 (во тек)

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (52 гласа, просек: 9,35 од 10)
Loading...

———————————————————————————————————————————————————————–
Кога е вистинскиот момент да му кажете на вашето посвоено дете дека не сте негови биолошки родители? А дали некогаш би ù признале дека има сестра близначка, со која се одвоени уште како бебиња? Одговорот на ова прашање е многу тежок, бидејќи повеќето посвоени деца, без разлика кога ја дознале вистината за нивниот живот, инстантно се разочаруваат, фрустрираат и се чувствуваат отфрлено од нивните вистински родители, поради што тргнуваат во потрага по нив, за да ги добијат своите одговори. Токму тоа се случува и со младата девојка Сатон, која откако ќе слушне дека е посвоена, веднаш почнува да ги бара своите биолошки родители. Но, притоа останува шокирана – таа има сестра близначка, физички идентична на неа, за која никогаш не ни чула дека постои. ———————————————————————————————————————————————————————–

Зошто родителите кои ја посвоиле Сатон криеле толку голема, мрачна тајна од неа? Зошто не ги посвоиле двете близначки? Тоа се прашања на кои најверојатно нема да им го дознаеме одговорот во брзо време. Ако ги обожавате ТВ сериите „Озборувачка“ и „Убави мали лажливки“, со сигурност ќе ви се допаѓа и „Лажливата игра“ бидејќи на неа работи Лесли Моргенстеин, извршниот продуцент на горенаведените серии, а автор на истоимената книга „The Lying Game“ е Сара Шепард која го напиша и романот „Убави мали лажливки“. Мистерија, тајни, лаги и манипулации повторно се провлекуваат и во оваа серија, во комбинација со убави тинејџерки и згодни момци, во едно ново, поинакво пакување. Серијата е многу нова, но најверојатно ќе стане уште еден светски хит.Лажливата игра (The Lying Game)Приказна: Ема е добродушно посвоено девојче, постојано задевано од страна на нејзиниот перверзен брат со кој не е во крвно сродство. Таа живее сиромашен и не баш среќен живот. Еден ден дознава дека има идентична сестра близначка, Сатон, која за разлика од неа, била посвоена од страна на богати родители и однадвор изгледа како да живее идеален живот.Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Лажливата игра (The Lying Game)Кога и како да ја гледате: „Лажливата игра“ е интересна ТВ серија, со многу сплетки и случувања, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот, сами или во друштво. За да ви биде повозбудливо, можете да си резервирате филмска вечер со пријателите или партнерот, секој вторник во неделата, бидејќи тогаш новата епизода станува достапна за гледање на интернет.

Слични серии: Убави мали лажливки, Заменети при раѓање, Неочекуван живот, Деветте животи на Клои Кинг.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар