Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012

Уживајте во кратките, но слатки филмски анимации кои заслужено ќе отпатуваат на Оскарите…

Месечината (La Luna)

„Pixar“ очигледно повторно ни спакувал силни емоции во само неколку минути. Паралелно со долгометражниот анимиран филм „Храбра“, изработил и едно кратко, но слатко филмско доживување. Станува збор за генијално 7-минутно филмче во режија на Енрико Казароса, за кое ќе ви биде криво што не трае барем уште толку.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012La Luna“ е безвременска приказна за едно младо момче, кое расте во необични околности. Една убава вечер, неговите татко и дедо за првпат ќе го земат со нив на работа. Стариот дрвен чамец ќе го одвеслаат далеку од копното, некаде на средината на морето. Таму го чека вистинско изненадување. Се соочува со дилемата чиј пат да го следи? На татко му или на дедо му? Ќе успее ли на крајот да го најде својот пат, надвор од судирот на ставовите и на истрошените традиции? Погледајте една од магичните сцени на La Luna.


.

Утринска прошетка (A Morning Stroll)

Ова анимирано филмче ù е добро познато на македонската публика. На Оскарите го испраќаме со веќе оддадено признание во земјата. Тој е добитник на Златната тула на првото издание на македонскиот интернационален фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, кој се одржа од 24 до 26 ноември минатата година во нашата метропола. И оваа анимација трае 7 минути. Во режија е на британецот Гранд Орчад.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012 „Утринска прошетка“ е базиран на приказна раскажана во брилијантната книга на Paul Auster „Вистински приказни за американскиот живот“. Се работи за стара шега која и претходно била филмувана. Дознајте што се крие во утринската прошетка низ Њујорк, во која човек се разминува со кокошка…


.

Недела (Dimanche/Sunday)

„Недела“ е 9-минутно филмче за човечката рутина, за „програмираниот“ живот погледнат низ очите на едно дете. Монотонијата се чувствува во секоја сцена од филмчето, во боите, во звуците… Анимацијата е во режија на Патрик Дојон и е негово прво филмско остварување.
Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012Филмот стартува со утринско кафе, со гракањето на чавките, со турбуленциите предизвикани од возот кој поминува покрај куќата на едно семејство. Уште една типична недела. Семејството заминува на црковна миса, се движи по истиот пат, оди на вообичаениот ручек кај бабата и дедото… Погледнете како детските очи го перцепираат овој рамнодушен и контрадикторен свет на возрасните.


.

Дивиот свет (Wild Life)

Дивиот свет на Аманда Форбис и Венди Тилби својата премиера ја имаше на фестивалот за краток филм во Торонто, во јули 2011 година. За разлика од „Недела“, тој до последната минута е исполнет со убави цртежи, бои и музика. Ова е втора номинација за двете аниматорки во оваа категорија. Во 1999 година, во битката за најдобар филм влегоа со „When the Day Breaks“.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012 Столб на приказната во „Дивиот свет“ е еден млад Англичанец кој заминува во Канада да живее како фармер. Ваквата негова одлука е повеќе заснована на ентузијазам, одошто на искуство…

Петтото филмче номинирано за најдобар краток анимиран филм е „Фантастичните летечки книги на господин Морис Лесмор“. За него веќе пишувавме. Потсетете се.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар