Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014

До крајот на годинава нè очекуваат неколку одлични комедии и многу, многу смеење…

1. Глуп и поглуп 2 (Dumb and Dumber To)

Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014Главни улоги: Џим Кери, Џеф Даниелс, Лори Холден

Премиера: 14 ноември 2014

Кратка содржина: Продолжението кое се очекуваше цели 20 години носи авантура на Лојд и Хари. Овој пат тие се во потрага по ќерката на Хари, а Лојд повторно ќе се вљуби.

2. Ноќ во музејот: тајната на надгробниот споменик (Night at the Museum: Secret of the Tomb)

Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014Главни улоги: Робин Вилијамс, Бен Стилер, Овен Вилсон

Премиера: 19 декември 2014

Кратка содржина: Магична приказна за јунак кој тргнува во поход за спас на магијата пред да ја снема од овој свет. Ова е последниот филм во кој Робин Вилијамс се појавува како актер.

3. Ужасни шефови 2 (Horrible Bosses 2)

Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014Главни улоги: Џејсон Судејкис, Џејсон Бејтман, Кевин Спејси, Џенифер Анистон

Премиера: 26 ноември 2014

Кратка содржина: Дејл, Курт и Ник овој пат решаваат да бидат сами свои шефови и основаат свој бизнис, но за сето тоа да успее набргу ќе се појави потреба да киднапираат некого.

4. Поручник Винсент (St. Vincent)

Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014Главни улоги: Бил Мaреј, Џејден Либерер, Наоми Вaтс, Мелиса МекКарти

Премиера: 24 октомври 2014

Кратка содржина: Поручникот Винсент е воен ветеран и алкохоличар кој ќе биде ангажиран од својата сосетка – самохрана мајка, да го надгледува нејзиниот 12-годишен син. Стариот поручник смета дека вонучилишните активности треба да вклучуваат посета на стриптиз клубови и коњски трки.

5. Александар и грозниот, ужасен, лош, многу лош ден (Alexander and the Terrible, Horrible, No Good, Very Bad Day)

Комедии кои со нетрпение ги очекуваме до крајот на 2014Главни улоги: Ед Оксенболд, Стив Карел, Џенифер Гарнер

Премиера: 10 октомври 2014

Кратка содржина: Александер е 11-годишно момче кое се буди со гума за џвакање во косата, а тоа е само почетокот на најлошиот ден во неговиот живот. Наскоро почнува да открива дека и оние околу него си поминуваат со доста проблеми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар