Книгата на Илај (The Book of Eli)

Филм за однесувањето на луѓето во пост-апокалиптичен свет, за опстанокот и за вербата

Книгата на Илај (The Book of Eli)Локација и време: Северна Америка, во иднината

Улоги: Дензел Вашингтон, Гери Олдман, Реј Стивенсон, Мила Кунис, Џенифер Билс

Режисери: Алберт Хаџис, Ален Хаџис

Жанр: акција, трилер, авантура, драма, мистерија, вестерн

Времетраење: 118 мин.

Премиера: 15 јануари 2010

Јазик: англиски

Веб-сајт: thebookofeli.warnerbros.com

Наша оценка: 8/10

_________________________________________________________________________________________________________________________________Што Што се случува со луѓето кога на светот каков што го знаеме сите му дошол крајот? – Тотална анархија, состојба во која луѓето не знаат за чувства и совест… сите живеат за да опстанат, а опстанокот на едните значи загрозување на животите на други. Во потрагата по храна, вода и безбедно преноќиште, малкумината кои го познаваат светот од порано, трагаат и по нешто многу позначајно – изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.
___________________________________________________________________________________________________________________________________

.

Приказна: Илај е еден од постарите луѓе кои опстанале по „големиот блесок“. Тој сам тргнува на запад, патем борејќи се за својот живот со секој кој ќе го предизвика и испровоцира. Неговиот пат има цел, но пречките го прават неговото пристигнување неизвесно до самиот крај.
.

Илај: Сиве овие години ја носев (библијата) со себе и ја читав секојдневно, толку се занесов во чувањето, што заборавив да живеам според она што го научив од неа.

Неговата цел е да ја заштити книгата која ја носи со себе и да ја однесе на запад каде може да добие значење од кое ќе се роди новиот свет. На патот е пресретнат од мафијашот Карнеги кој владее со едно опустошено и разрушено гратче. Откако тој ќе разбере дека Илај ја има светата книга, ќе се обиде да направи се за да ја добие. Имајќи ја, тој би владеел со луѓето.

Кинематографија: „Книгата на Илај“ е спој од уметнички кадри кој го одземаат здивот. Со оглед на тематиката, сосема оправдано се застапени тмурни и еднолични бои, помеѓу кои доминира бојата на земјената прашина. Затоа пак, специфичните локации кои се внимателно избрани (Ново Мексико), силно влијаат за доловување на чувството кое се стреми да го наметне приказната – самотија, напуштеност, суровост, нечовечност. Од ваквите кадри ќе посакате да си направите постер за во дневната соба.

Перфектната кинематографија, специфично развиената приказна и улогата која беспрекорно ја носи Дензел Вашингтон до самиот крај, му даваат на овој филм, квалитети кои дефинитивно го разликуваат од останатите филмови од овој тип..

.

Солара: Како беше порано?
Илај: Луѓето имаа повеќе отколку што им беше потребно. Немавме поим што е скапоцено, а што не е. Фрлавме ствари за кои денес луѓето се убиваат едни со други.

Кога и како да го гледате? Филмот гледајте го во друштво за да не се почувствувате како да сте сами во светот кој станал одвратно место за живеење. Сепак, гледајте го внимателно и посветено, иако и нема да можете поинаку. Тој самиот ќе ви го привлече вниманието. Совршено би било филмот да го гледате на филмското платно или барем на голем екран или проекција. Но, ако не сте во можност, направете си мини домашно кино – испружете се на каучот во дневната соба, изгасете го светлото и уживајте на раат, без да ве вознемируваат.

Слични филмови: „Јас сум легенда“, „Воден свет“, „Пат“ (не го препорачуваме), „Лудиот Макс“

изворот на вербата кој може да го врати човечкото во сите.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ванчо Reply

    Успеав да одгледам едно две третини … толку издржав.
    Освен фотографијата, која полека ми стана здодевна (и многу добро не чини), ништо друго ново.

    Уште пак приказната … типично холивудска работа. Кога споменаа „книга“, само се прашував дали е Библијата или Уставот на САД. Патетично.
    Трилогијата на „Лудиот Макс“ објасни сѐ што треба да се објасни. Ова останатово е само подгревање на завчерашниот ручек.

    Од друга страна, кога „не го препорачувате“ „Пат“, јасно ми е кои ви се рецензентските критериуми.

  2. Goran Reply

    Da vi preporacam uste dva dobri filma The Boondock Saints 1 i 2. Bravo za filmcevo….

    p.s Vanco brat ti mora da si freak

  3. Игор Reply

    Ванчо е до некаде во право! Филмов особено негативни поени добива од тоа што неговата најсилна страна, пост-апокалиптичната слика на Светот доловена преку фотографијата и сценографијата, не е оригинална. Чиста копија од Fallout 3 !

    Моја оценка, 6 од 10, за добриот кастинг пред се.

  4. Anomis Reply

    kako i da e glej te go nema da zgresite =]

Остави коментар