Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

Автор: Андријана Андова

Филм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…

Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Режија: Рајан Марфи

Главни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс Франко

Жанр: драма, романса

Времетраење: 133 минути

Премиера: 13 август 2010

Јазик: англиски, италијански

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 5/10

Базиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“


Ретки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.


Приказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теодора Трповска Reply

    Се согласувам дека книгата е многу подобра од филмот (во овој случај). А филмчево е лимонада. Го гледав заради Бардем :)))))

  2. Бети Reply

    Одамна ја имав прочитано книгата, а кога го гледав филмот имав впечаток дека некој друг ми ја раскажува но онака како тој ја доживеал, замислил, додека ја читал. Многу поразлично од мене. Но, сепак, пораката беше единствена: Животот е преубав кога ќе побараш од него да ти ја исполни душта.

  3. Реален Reply

    лош филм. воопшто не ме бендиса :(
    сепак вкусови се во прашање

  4. jas. Reply

    Јади , моли се и уживај ?
    САКАЈ :)

Остави коментар