Интересни факти за серијата „Теоријата за Биг Бенг“

Серијата „Теоријата за Биг Бенг“ започна да се снима во 2007 година и инстантно стана хит секаде во светот. За нејзиниот успех говори и просечната гледаност од 14 милиони гледачи на последните две сезони, само во САД. Распродадена е во повеќе од 70 земји низ светот и е добитничка на многу награди. Најверојатно нејзиниот успех се должи на специфичните ликови кои од епизода во епизода сè повеќе изненадуваат. Моментално се прикажува петата сезона, а серијата има договор за уште дополнителни две.Интересни факти за серијата „Теоријата за Биг Бенг“1. Оригиналниот наслов на серијата гласел „Лени, Пени и Кени“.

2. Неспособноста на Раж да зборува со жени, освен кога е пијан, е особина инспирирана од поранешен колега на продуцентот Бил Преди, кога тој работел во компјутерска компанија.

3. Пени е единствениот карактер чие презиме сè уште не е откриено во серијата.

4. Имињата на сите епизоди се поврзани со терминологија од некоја наука и неретко немаат никаква поврзаност со случувањата во истата.

5. Шелдон често носи маички од супер херои во разни бои. Секоја од нив го претставува неговото моментално расположение (црвена – лутина, портокалова –  лакомост, жолта – страв, зелена – храброст, сина – надеж, индиго – сожалување, виолетова – љубов).

6. Мајим Бијалик, глумицата која го игра ликот на Ејми, „девојката“ на Шелдон, е единствената од екипата која има титула доктор на науки во вистинскиот живот.

7. Во поголемиот дел од епизодите, Леонард нема стакла на очилата.

8. Џим Парсонс (Шелдон), иако во серијата нема положено возачки испит и цело време инсистира некој од другите ликови да го однесе до некаде, во реалниот живот всушност има огромен проблем бидејќи му се слошува при патување, па затоа инсистира тој да вози.

9. Многумина не знаат дека Џим Парсонс е геј и дека кога во 2010 година ја доби наградата „Еми“ го запроси својот долгогодишен дечко.

10. Првите две години од снимањето на шоуто, Кејли Куоко (Пени) и Џони Галеки (Леонард) биле во врска. Но исто како и во серијата, тие раскинаа во 2010 година и сега се само пријатели.

11. Во серијата Леонард често го задеваат за неговата висина. Тој е висок само 165 сантиметри.

12. Кејли Куоко во 2002 била рангирана како тенисерка во аматерска категорија, но потоа се посветила целосно на глумата.

13. Сајмон Хелберг (Хауард Воловиц) е професионален пијанист.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Veki Reply

    Одлична серија, неповторливи ликови

Остави коментар