Хорор филмски маратон

Хорор филмски маратон

Одвреме-навреме секој од нас има потреба да биде добро исплашен и хорорите понекогаш навистина знаат да допрат до нас на тој начин. Почнувајќи од познатиот Фреди Кругер, па сè до класичните приказни за сериски убијци, духови и вонземјани, следува листа од неколку понови филмови кои навистина вреди да ги погледнете. Ви посакуваме да имате многу страв и забава со вашите најблиски за време на овој хорор-маратон. Уживајте!Хорор филмски маратон

Кошмар на улицата Елм (A Nightmare on Elm Street) – 2010

Хорор филмски маратонРежисер: Семјуел Бајер

Актери: Џеки Ирли Хејли, Руни Мара, Кајл Гарнер

Времетраење: 95 минути

Наша оценка: 6

Кратка приказна: Овој филм е повторно враќање на познатата хорор-икона Фреди Кругер на големите платна. Станува збор за сериски убиец кој има вградено четири сечила во своите прсти и ги убива жртвите во нивните соништа, што резултира со смрт и во реалноста.


Пушти ме внатре (Let Me In) – 2010

Хорор филмски маратонРежисер: Мет Ривс

Актери: Коди Смит-Мекфи, Клои Грејс Моретс, Ричард Џенкинс

Времетраење: 116 минути

Наша оценка: 8

Кратка приказна: Младо момче кое секојдневно го малтретираат во училиште се спријателува со новата сосетка, која се појавува само навечер на игралиштето пред нивната зграда. Но, тој не знае дека таа е млада вампирка која живее во тајност со својот старател.


Будење (The Awakening) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Ник Марфи

Актери: Ребека Хол, Доминик Вест, Имелда Стаунтон

Времетраење: 107 минути

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Во 1921 година во Англија владее огромна тага за сите загуби во Првата светска војна. Арогантната и скептична Флоренс Кеткарт (Ребека Хол) ѝ помага на полицијата при разоткривање на измамите. Но, посетата на едно училиште целосно ќе ја промени нејзината скептичност на оваа тема…


Суштеството (The Thing) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Матхис ван Хеининген

Актери: Мери Елизабет Винстед, Џоел Едгертон, Улрик Томсен

Времетраење: 103 минути

Наша оценка: 6

Кратка приказна: На едно истражувачко место на студениот Антартик, тим од научници ќе пронајдат вонземско летало за кое веруваат дека било таму повеќе од 100.000 години. Недалеку од местото на слетување, тие ќе ги најдат и остатоците од суштеството кое управувало со леталото…


Последна дестинација 5 (Final Destination 5) – 2011

Хорор филмски маратонРежисер: Стивен Куал

Актери: Николас Дагосто, Ема Бел, Арлен Ескарпита

Времетраење: 92 минути

Наша оценка: 6

Кратка приказна: Во овој дел од „Final Destination“ група на патници кои се возат во автобус успеваат да го преживеат рушењето на мостот пред нив, поради визијата на Сем Лотон (Николас Дагосто). Но, тие многу брзо ќе сфатат дека не е лесно да ѝ се избега на смртта…


Колибата во шумата (The Cabin in the Woods) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Дру Годарт

Актери: Кристен Коноли, Крис Хемсворт, Ана Хачисон

Времетраење: 95 минути

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Пет пријатели одат на одмор во далечна колиба во шумата, каде што ќе добијат многу повеќе од тоа за кое што се договориле. Заедно, тие мора да ја откријат вистината позади оваа колиба ако сакаат да преживеат…


Високиот човек (The Tall Man) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Паскал Логиер

Актери: Џесика Биел, Џодел Ферланд, Вилијам Б. Дејвис

Времетраење: 106 минути

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Кога нејзиното дете ќе исчезне, Џулија Денинг (Џесика Биел) ќе проба да ја разреши мистеријата за „високиот човек“ кој наводно со години киднапира мали деца…


Опседнатост (The Possession) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Оле Борнедал

Актери: Наташа Калис, Џефри Дин Морган, Кајра Седвиг

Времетраење: 92 минути

Наша оценка: 8

Кратка приказна: Младо девојче купува античка кутија без да знае дека во неа живее многу злобен стар дух кој ќе ја опседне. Нејзиниот татко со помош од неговата бивша жена пробува да најде начин како да ја прекине клетвата која е фрлена на нивното дете.


Дневниците од Чернобил (Chernobyl Diaries) – 2012

Хорор филмски маратонРежисер: Бредли Паркер

Актери: Џеси Мекартни, Џонатан Садовски, Оливија Дадли

Времетраење: 86 минути

Наша оценка: 6

Кратка приказна: Шест туристи најмуваат водич за екстремни тури кои ќе ги одведе до напуштениот град Припијат, поранешниот дом на работниците од нуклеарниот реактор Чернобил. За време на нивната необична посета, тие многу брзо откриваат дека не сами во градот…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. игор Reply

    The Thing само оригиналот од John Carpenter, овој новиот е лооооша преработка на оригиналот…

  2. Александар Reply

    требало да ставите нешто од оние први црно-бели филмови… е тие се страшни. овие новиве се само како приказна пред добра ноќ

  3. Кате Reply

    The Thing филм новиот е поубав и подобар од стариот

  4. Стоименов Reply

    Oва последниов да не има нешо као близнак “Doghouse” ? Оти по кратката рецензија ме потсеќа на него 🙂

Напиши одговор на Кате Откажи одговор