Големи филмски премиери што нè очекуваат до крајот на годинава

Оваа година имавме можност да гледаме голем број неверојатни филмови кои без сомнение уште долго време ќе се паметат. Но годината е далеку од завршена, а изгледа продуцентите често имаат навика најдоброто да го оставаат за крај. Во продолжение погледнете ги 6-те големи филмски премиери што ќе имаме можност да ги изгледаме до крајот на оваа година…

golemi-filmski-premieri-shto-ne-ochekuvaat-do-krajot-na-godinava

Џуманџи: Добредојдовте во џунглата (Jumanji: Welcome to the Jungle)

Тор: Рагнарок (Thor: Ragnarok) – 3 ноември

Во ова продолжение од низата филмови за Тор, богот на молњата е заробен на другата страна од универзумот без својот моќен чекан. Тој мора да најде начин како да се врати назад во Асгард, за да го спречи Рагнарок, односно крајот на нивниот свет.

Убиство на Ориент Експрес (Murder on the Orient Express) – 10 ноември

Овој филм е инспириран од романот на една од најпознатите криминалистички авторки во светот, Агата Кристи. Приказната започнува на едно сосема обично возење со воз низ Европа, но брзо се претвора во една од најмистериозните и најморничавите мистерии некогаш раскажани.

Лига на правдата (Justice League) – 17 ноември

Инспириран од вратената верба во човештвото и несебичното дело на Супермен, Брус Вејн бара помош од новиот сојузник, Дијана Принц, за да се соочи со уште поголем непријател. Тие заедно ја создаваат Лигата на правдата и го бранат човештвото од најголемите закани.

Џуманџи: Добредојдовте во џунглата (Jumanji: Welcome to the Jungle) – 20 декември

Овој филм е преработка на хитот со Робин Вилијамс од 1995 година. Откако четворица тинејџери ќе откријат стара конзола за видео игри и видео игра за којашто никогаш досега не чуле, тие ја вклучуваат и веднаш се транспортираат во неа, односно во џунгла каде што треба да преживеат.

Совршен глас 3 (Pitch Perfect 3) – 22 декември

По победата на Светскиот шампионат, девојките со совршен глас се разделуваат и откриваат дека нема многу можности за создавање сопствена музика. Но кога ќе добијат можност да се соединат повторно за тура, нивната авантура навистина ќе започне!

Додека чекате овие филмови да излезат, погледнете ги и нашите препораки за оние што веќе се достапни и кои морате да ги изгледате пред да заврши годинава!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар