Филмски викенд со адвокатски драми

Филмски викенд со адвокатски драми

Филмовите чие дејство се одвива во судниците изгледаат како да се посебен жанр. Драмите во кои адвокатите блескаат се доста впечатливи, тензични, лесно го задржуваат вниманието, а неретко успеваат да натераат некого да се вљуби во оваа професија. Во поново време нема добри филмови од овој тип, па затоа одбравме пет кои се постари, но извонредни.

Пукнатина (Fracture)

Филмски викенд со адвокатски драмиГлавни улоги: Рајан Гослинг, Ентони Хопкинс, Розамунд Пајк

Премиера: 2007

Времетраење: 113 минути

Кратка содржина: Рајан Гослинг игра улога на млад, надежен и амбициозен обвинител кој токму пред да се пресели во голема адвокатска фирма ќе добие навидум лесен случај за крај. Но, во судницата ќе се соочи со Тед (Ентони Хопкинс) кој ќе го однесе во правен лавиринт од кој тешко може да најде излез.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. LizaRd Reply

    The Lincoln Lawyer, Law Abiding Citizen, Conviction… 3 izvonredno dobri od ponovite….. 🙂

Остави коментар