Филмски препораки за овој викенд

Филмски препораки за овој викенд

Доколку викендов планирате да го поминете во домашна атмосфера со фино друштво или со вашиот партнер, еве неколку препораки за филмови кои можете да ги погледнете.Филмски препораки за овој викенд

1. Замената (The Change-Up)

Филмски препораки за овој викендКратка приказна: Двајцата главни ликови, Мич (Кенет Бранаг) и Дејв (Џејсон Бетман) во детството биле неразделни другари, но како што поминуваат годините, тие пополека стануваат се подалечни. Дејв е адвокат со премногу работа, сопруг и татко на три деца, додека Мич е невработен, сингл и недораснат лик кој сè уште се нема соочено со никаква одговорност во животот. После една луда пијана вечер, двајцата се будат со заменети тела, Мич е Дејв и обратно. Заплетот започнува тука, а кој како ќе се снајде во туѓа кожа останува да видите…
.

  • Главни улоги: Рајан Рејнолдс, Џејсон Бетман, Оливија Вајлд
  • Режисер: Дејвид Добкин
  • Наша оценка: 6
  • Жанр: комедија
  • Времетраење: 112 минути

.

2. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)

Филмски препораки за овој викендКратка приказна: Гил (Овен Вилсон) и Инес (Рејчел Мекадамс) заминуваат на одмор во Париз како придружници на бизнис-патувањето на нејзините родители. Гил е успешен холивудски сценарист, но се мачи со пишувањето на својата прва новела. Тој се заљубува во градот и размислува за преселување тука, но Инес не е фасцинирана од неговата романтична замисла. Кога една ноќ тој ќе шета сам низ улиците на Париз, ќе го најде непресушниот извор на инспирација кој ќе му помогне да пишува. Како што тој се зближува со градот, така се оддалечува од неговата љубена.
.

  • Главни улоги: Овен Вилсон, Рејчел Мекадамс, Кети Бејтс
  • Режисер: Вуди Ален
  • Наша оценка: 7
  • Жанр: романса, фантазија
  • Времетраење: 94 минути

.

3. Тор (Thor)

Филмски препораки за овој викенд

Кратка приказна: Воинот Тор (Крис Хемсфорт) е исфрлен од земјата Асгард, домот на боговите, од страна на неговиот татко Один (Ентони Хопкинс). Причина за тоа е неговата ароганција, па токму затоа тој е пратен на Земјата помеѓу обичните смртници. Тој на Земјата се заљубува во професорката Џејн Фостер (Натали Портман) која го учи на многу важни работи. Со неговата моќ, тој станува еден од најмоќните заштитници на планетата…
.

  • Главни улоги: Крис Хемсфорт, Ентони Хопкинс, Натали Портман
  • Режисер: Кенет Бранаг
  • Наша оценка: 7
  • Жанр: акција, авантура
  • Времетраење: 115 минути

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. salnadsan Reply

    Полноќ во Париз (Midnight in Paris)
    Po glup film nemam gledano …

Напиши одговор на salnadsan Откажи одговор