Филмски маратон со Марио Касас

Филмски маратон со Марио Касас

Марио Касас Сиера е млад шпански актер кој брзо се проби на сцената преку главните улоги во неколку шпански блокбастери, а уште побрзо се проби до срцето на милиони девојки низ целиот свет. Тие не можат да одолеат на неговото лице, убавата насмевка, заводливиот поглед, згодното тело… всушност, го сакаат целиот од глава до петици. Критичарите се согласуваат дека во каков филм и да глуми, штом тој се појави на екранот, припадничките на понежниот пол подобро ги отвораат очите и повнимателно го следат филмот.Филмски маратон со Марио КасасФилмски маратон со Марио КасасКога бил мал Марио сакал да стане полицаец или пожарникар, потоа размислувал за новинарство, но на крајот завршил во драмско училиште. Уште како дете почнал да се појавува на телевизија глумејќи во разни реклами. На само 18 години дебитирал во филмот „Летен дожд“ режиран од неговиот идол Антонио Бандерас, но вистинската слава ја стекнал кога се појавил во неколку телевизиски серии. Почнал почесто да добива понуди да игра главни улоги, а една таква го направи светска ѕвезда. Улогата на Аче во „Три метри над небото“ била совршена за него, па светскиот успех бил логична последица.Филмски маратон со Марио КасасПокрај понуди за филмови, Марио Касас често добива и понуди да се слика за многу познати магазини. Исто така, активен е во фондот на оперскиот пејач Хозе Карерас, чија мисија е да се соберат пари за да им се помогне на децата болни од леукемија.Филмски маратон со Марио КасасФилмски маратон со Марио КасасДоколку сте од оние кои ги гледаат филмовите на Марио Касас, меѓу другото, затоа што тој глуми во нив, направивме избор од неколку во кои тој доволно често ќе ви го окупира екранот.

Три метри над небото (Tres metros sobre el cielo)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2010

Актери: Марио Касас, Марија Валверде, Алваро Сервантес

Жанр: романса, драма

Кратка приказна: Најпознатиот филм на Марио Касас, оној кој од него направи светска ѕвезда, е приказна за една навидум невозможна љубов. Баби (Марија Валверде) е фина, добро воспитана девојка со добри манири, а Аче (Марио Касас) е импулсивен, бунтовен и лесно влегува во тепачки и нелегални трки со мотори. Тие двајца припаѓаат на различни светови кои ќе се приближат кога меѓу нив ќе се роди љубов.


Те посакувам (Tengo ganas de ti)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2012

Актери: Марио Касас, Марија Валверде, Клара Лаго

Жанр: романса, драма

Кратка приказна: Во продолжението на Три метри над небото, Аче, ликот на Марио, е малку позрел. Откако поминал две години во Њујорк, тој се враќа во старото соседство каде што повторно ќе се соочи со Баби и спомените. Во оваа приказна ќе се придодаде уште една девојка која многу ќе влијае на неговиот живот и ќе му покаже како да гледа кон иднината наместо одново да го преживува непријатното минато.


Одлив на мозоци (Fuga de cerebros)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2009

Актери: Марио Касас, Алберто Амариља, Амаја Саламанка

Жанр: романса, комедија

Кратка приказна: Емилио е срамежливо момче кое е вљубено во најубавата девојка од класот. На крајот на школската година кога конечно ќе реши да ја искаже својата љубов, таа добива стипендија да студира на Оксфорд. Иако за него оваа љубовна приказна изгледа како завршена, неговите другари не се откажуваат и по секоја цена се обидуваат да го пратат не многу добриот ученик Емилио заедно со неа на Оксфорд.


Неонско светло (Carne de neon)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2010

Актери: Марио Касас, Висенте Ромеро, Лусијано Касерес

Жанр: комедија

Кратка приказна: Во оваа комедија Марио го глуми младиот Рики, кој откако ќе ја загуби наклонетоста на мајка си поради тоа што не работи, ќе отвори бордел заедно со неговите двајца најдобри, но неинтелигентни другари.


Единица број 7 (Grupo 7)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2012

Актери: Марио Касас, Антонио де ла Торе, Хоакин Нуњез

Жанр: акција, трилер

Кратка приказна: Овој пат славниот срцекршач останува подалеку од романтиката играјќи го ликот на младиот амбициозен детектив Анхел. Тој заедно со неговиот колега Рафаел има цел да ја исчисти дрогата од улиците.


Летен дожд (El camino de los ingleses)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2006

Актери: Алберто Амариља, Марија Руиз, Феликс Гомез, Марио Касас

Жанр: драма, романса

Кратка приказна: Овој филм е дебито на Марио Касас, единствениот од оваа листа во која добил споредна улога. Дејствието е сместено во седумдесеттите години на минатиот век, а раскажува приказна за љубовта, страста и пријателството во една група млади луѓе кои излегуваат од тинејџерските години.


Секс, забави и лаги (Mentiras y gordas)

Филмски маратон со Марио КасасГодина: 2009

Актери: Марио Касас, Ана де Армас, Јон Гонзалез

Жанр: драма, комедија

Кратка приказна: Приказна фокусирана на односот помеѓу двајца блиски другари, истовремено прикажувајќи го животот на поголема група млади луѓе чие секојдневие е исполнето со дрога, забава и многу секс.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. iva Reply

    Исто така и серијата El Barco ја даваат на АXN секоја недела и понеделник од 16:15 ч.

  2. ivan4eeeeeeeeeeeee Reply

    не е во 16:15 туку 23:40

Остави коментар