Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Секоја година Оскарите ги извлекуваат најдобрите и најквалитетните приказни во текот на последните 12 месеци, давајќи ни одлична листа за филмски маратон. Започнувајќи од омилениот жанр во последниве неколку години, научната фантастика, па сè до драмата и историските приказни, оваа година нè очекува вистинска луда железница од емоции кај кандидатите за Оскар.

Пристигнување (Arrival)

(2) Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Кога 12 вселенски летала ќе слетаат на Земјата, војската бара помош од професорката по лингвистика Луиз Бенкс и теоретскиот физичар Иан Донели да најдат начин да комуницираат со посетителите.

Огради (Fences)

(3) Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Трој Максон, поранешна спортска ѕвезда во црната лига, живее со својата сопруга Роуз и синот тинејџер Кори во Питсбург во 1957 година. Трој е огорчен поради пропуштањето на интеграцијата на професионалниот бејзбол и неговите сфаќања за животот и расите, па тоа почнува да влијае на врската со Кори – млад талентиран фудбалер.

Гребенот на спасот (Hacksaw Ridge)

(4) Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Вистинската приказна за Дезмонд Дос, кој се придружува на војската за време на Втората светска војна дури и покрај своите пацифистички сфаќања. Тој почнува да работи како невооружен доктор и спасува многу животи за време на битката во Окинава.

По секоја цена (Hell or High Water)

(5) Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Тоби и неговиот брат Танер, кој порано работел како измамник, решаваат да ја ограбат западната тексашка банка со цел да соберат доволно пари за да го спречат затворањето на нивниот семеен ранч.

Продолжете на следната страница за останатите 5 номинации…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар