Филмска листа за продолжен празничен викенд

Ако немате идеја кој филм да го изгледате овој викенд, размислете за овие пет предлози кои своите први прикажувања ги доживејаа во 2012 година.Филмска листа за продолжен празничен викенд

Совршен глас (Pitch Perfect)

Филмска листа за продолжен празничен викендЖанр: мјузикл, романтична комедија

Јазик: англиски

Премиера: 5 октомври 2012

Улоги: Ана Кендрик, Британи Сноу, Ребел Вилсон, Скајлар Естин

Времетраење: 112 минути

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Барден Белас е женска колеџ група која импресионира со акапела изведбите на своите песни и совршениот изглед на сцената. Но, по катастрофата на минатогодишното финале, тие од петни жили се обидуваат да се прегрупираат и да се вратат на славните денови. Кај себе ќе ја примат Бека (Ана Кендрик), бруцош–ди џеј, која не е заинтересирана за студентскиот живот. Така ќе биде сè додека не го сретне Џеси (Скајлар Естин), член на ривалската машка акапела група. Дружејќи се со него ќе изгради нов стил кој ќе се обиде да им го пренесе на Барден Белас со цел повторно да бидат на врвот.


Ѕверови од Јужната дивина (Beasts of the Southern Wild)

Филмска листа за продолжен празничен викендЖанр: драма, фантазија

Јазик: англиски

Премиера: 5 јули 2012

Улоги: Кувенжане Волис, Двајт Хенри, Леви Естерли

Времетраење: 93 минути

Наша оценка: 10/10

Кратка содржина: Ако ви значи нешто тоа што овој филм се натпреварувал и победил на фестивалот Санденс и на Канскиот филмски фестивал, тогаш задолжително мора да го погледнете. Иако се занимава со апокалипсата, таа овде не е повод за спектакуларни сцени со современи филмски ефекти, туку можност да се ѕирне во човечката душа и да се опише она што се случува таму. Приказната се врти околу бестрашната шестгодишна Хашпапи (Кувенжане Волис) и нејзиниот болен татко Винк (Двајт Хенри). Тие живеат во областа наречена „Кадата“, сместена на дивиот јужен крај на светот. Винк знае дека неговата болест ќе ја остави Хашпапи сама и затоа, кога Арктикот ќе почне да се топи и природните катастрофи се чинат неизбежни, тој ќе почне да ѝ пренесува вештини за преживување на својата ќерка.


Зборови (The Words)

Филмска листа за продолжен празничен викендЖанр: драма

Јазик: англиски

Премиера: 7 септември 2012

Улоги: Бредли Купер, Денис Квејд, Оливија Вајлд

Времетраење: 97 минути

Наша оценка: 8/10

Кратка содржина: Рори Џенсен е млад и упорен писател кој го напуштил удобниот живот овозможен од родителите со цел да го следи својот сон. Иако силно верува во своите авторски можности, тој постојано се мачи да напише книга која ќе биде атрактивна за издавачите. Кога еден роман потпишан од него конечно ќе доживее голем успех, тој ќе стекне голема слава, но има и еден проблем: Рори не го напишал романот, туку го препишал од некој друг. Ќе дојде ден кога ќе мора да ја плати цената за својата грешка.


Гневот на титаните (Wrath of the Titans)

Филмска листа за продолжен празничен викендЖанр: акција, фантазија, авантура

Јазик: англиски

Премиера: 30 март 2012

Улоги: Сем Вортингтон, Лијам Нисон, Розамунд Пајк, Едгар Рамирез

Времетраење: 99 минути

Наша оценка: 8/10

Кратка содржина: Десет години по судирот на титаните во кој го спречи Хадес да завладее со светот и победата над Кракен, Персеј живее мирен рибарски живот одгледувајќи го својот син. Сепак, кога Зевс ќе биде заробен од злите богови тој не ќе може да го одбие повикот уште еднаш да се бори на страната на доброто кога злото ќе се обиде да излезе од подземјето.


Куќа на крајот на улицата (House at the End of the Street)

Филмска листа за продолжен празничен викендЖанр: мистерија, психолошки трилер

Премиера: 21 септември 2012

Улоги: Џенифер Лоренс, Макс Териот, Елизабет Шу

Времетраење: 101 минути

Наша оценка: 7/10

Кратка содржина: Елиса (Џенифер Лоренс) ќе се досели во нов град со својата мајка (Елизабет Шу) и ќе живеат во куќа веднаш до таинствениот и повлечен Рајан (Макс Териот). Кога Елиса ќе дознае дека сестра му ги убила неговите родители кога бил мал, ќе се спријатели со него, а набргу ќе почне и многу да ја привлекува. Сепак, набргу ќе почнат да се случуваат работи кои таа не може да си ги објасни, па тајните на Рајан ќе почнат да излегуваат на виделина.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар