Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

Сподели

Доколку не заминувате некаде за овој продолжен викенд, тогаш сигурно оваа куса листа со интересни филмчиња одлично ќе ви дојде. За секого по нешто, филмови кои се за сечиј вкус и кои можат да се гледаат во поголемо друштво. Па така, спремете огромна количина пуканки и опуштете се со овие интересни приказни.Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

Човек на работ (Man on a Ledge)

Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012

Актери: Сем Ворингтон, Елизабет Бенкс, Џејми Бел…

Жанр: трилер, криминалистика

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Поранешен полицаец се заканува дека ќе рипне од еден хотел во Менхетен, бидејќи е лажно осуден за кражба која не ја извршил. Полицискиот психолог Лидија Мерсер е повикана да го разубеди да не го стори тоа, не знаејќи дека зад неговата закана за скок од високата зграда се развива уште една точно синхронизирана акција.


Безбедно засолниште (Safe House)

Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012

Актери: Дензел Вашингтон, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик…

Жанр: акција

Наша оценка: 8

Кратка приказна: На младиот агент на ЦИА, Мет Вестон, му е доделена задачата да го држи под надзор еден злосторник сместен во безбедно засолниште. Кога засолништето ќе биде нападнато, негова задача ќе биде да се погрижи „гостинот“ да остане жив и здрав.


Кражба на кулата (Тower Heist)

Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2011

Актери: Еди Марфи, Бен Стилер, Кејси Афлек…

Жанр: акција, комедија, крими

Наша оценка: 7

Кратка содржина: Кога една група од работници кои навистина добро си ја вршат својата работа, ќе дознае дека се жртви на измамите на нивниот богат работодавец, бизнисменот Понѕи, тие прават план како да ја ограбат неговата висока резиденција. Навистина интересна приказна.


Ова значи војна (This means war)

Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012

Актери: Рис Витерспун, Крис Пајн, Том Харди

Жанр: акција, комедија, романса

Наша оценка: 8

Кратка содржина: Два агенти на ЦИА, кои воедно се најдобри пријатели се наоѓаат во незгодна ситуација, откако ќе дознаат дека излегуваат со иста девојка, која им се допаѓа и на обајцата. Тие се сложуваат дека ќе ја остават таа да одлучи со кого ќе остане, но „тајно“  да си ги саботираат романтичните состаноци еден на друг. Супер филмче кое ќе ве насмее.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Kattie Reply

    “This means war” e vrv! :D

  2. This means war Reply

    This means war е одличен има смеење :)

Остави коментар