Филмови со кои секое дете треба да порасне

Филмови со кои секое дете треба да порасне

Автор: Горана Коневска

Сите ние си имаме одредени играни или цртани филмови кои нè потсетуваат на детските денови. Има премногу убави и поучни филмови со забавни содржини, но ние подготвивме една кратка листа, па ако некои од овде наведените сте ги пропуштиле, задолжително гледајте ги во текот на викендот кој следува:

Филмови со кои секое дете треба да порасне

1. Гуниси (Goonies)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: авантура

Јазик: англиски

Премиера: 7 јуни 1985

Главни улоги: Шон Остин, Џош Бролин, Џеф Коен

Времетраење: 114 минути

Кратка содржина: Откако на стариот таван ќе пронајдат мапа со скриено богатство, Мајкл и пријателите тргнуваат во негова потрага. Бегајќи од тројца криминалци и заплеткувајќи се во неверојатни авантури, оваа дружина ќе ве насмее, разнежни и ќе ве врати во детските денови кога и самите сте сонувале за слични авантури.

2. Вонземјанин (E.T.)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастика

Јазик: англиски

Премиера: 11 јуни 1982

Главни улоги: Хенри Томас, Дру Баримур, Питер Којоти

Времетраење: 115 минути

Кратка содржина: Кога 12-годишниот Елиот наоѓа вонземјанин во својата гаража, со сите сили започнува потрага по вистинскиот пат за да го врати својот нов пријател на неговата планета, истовремено избегнувајќи ги научниците, властите и полицијата кои сакаат да го пронајдат и да го задржат за експерименти. Стивен Спилберг навистина знае како секој детски сон да го прецрта и пренесе на филмското платно. Ова е уште еден доказ. „Вонземјанин“ е филм кој изобилува со фантазија, љубов, поддршка, сплотеност и најискрено пријателство. И сето тоа без разлика на возраст, раса, земја или уште помалку, планета од која се потекнува.

3. Враќање во иднината (Back to the Future)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: авантура, научна фантастика

Јазик: англиски

Премиера: 3 јули 1985

Главни улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон

Времетраење: 116 минути

Кратка содржина: Сте помислиле ли како би било барем за момент да погледнете во својата иднина? Или можеби да отидете во минатото и да го промените? Во првиот дел од оваа трилогија, во 1985 година, д-р Браун измислува машина за патување низ времето. Неговиот пријател влегува во машината и патува во минатото во 1955 година каде ги сретнува своите родители пред тие воопшто да се запознаат. Сплетките и околностите во кои наеднаш тој се наоѓа го доведуваат во прашање неговото постоење.

4. Капетан Кука (Hook)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: фантазија, авантура, фамилијарен

Јазик: англиски

Премиера: 11 декември 1991

Главни улоги: Дастин Хофман, Робин Вилијамс, Џулија Робертс

Времетраење: 144 минути

Кратка содржина: Петар Пан порасна, има деца, заборави на своето минато, но и како да се забавува. Во Недојдија е досадно, па Капетан Кука решава да ги киднапира децата на Петар Пан. Интересна приказна која нè потсетува дека никогаш не смееме да го заборавиме детето во себе, дека семејството секогаш е на прво место, а среќните и позитивни мисли можат да ги остварат и најголемите желби.

5. Супермен (Superman)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастика

Јазик: англиски

Премиера: 15 декември 1978

Главни улоги: Кристофер Рив, Марлон Брандо, Џин Хекман

Времетраење: 143 минути

Кратка содржина: Дете од друга планета е пратено во отворената вселена за да го спаси својот живот, бидејќи неговата родна планета е уништена. Лутајќи, доаѓа до планетата Земја, каде расте и развива неверојатна моќ…

6. Војна на ѕвездите, 6 продолженија (Star Wars)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастика

Јазик: англиски

Премиера: 25 мај 1977

Главни улоги: Харисон Форд, Марк Хамил, Кери Фишер

Времетраење: 121 минути

Кратка содржина: Лук Скајвокер ја напушта својата родна планета и заедно со други бунтовници заминува во потрага и спасување на принцезата Лија од злобниот Дарт Вејдер.

7. Звукот на музиката (The Sound of Music)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: фамилијарен, драма, биографски

Јазик: англиски

Премиера: 29 март 1965

Главни улоги: Џули Ендруз, Кристофер Пламер, Еленор Паркер

Времетраење: 174 минути

Кратка содржина: Калуѓерка го напушта манастирот за да работи како гувернанта во домот на еден капетан во пензија. Доаѓајќи со својата гитара, весел и слободен дух, таа налетува на строго опкружување, седум деца кои растат без мајка и со татко кои ги третира како што ги третира капетанот своите потчинети.

8. Кралот лав (The Lion King)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: анимација, авантура, комедија

Јазик: англиски

Премиера: 24 јуни 1994

Гласови: Метју Бродерик, Џејмс Ерл Џоунс, Џим Камингс

Времетраење: 89 минути

Кратка содржина: Симба расте во преубаво опкружување, со родителска љубов и многу пријатели. Но, еден ден во несреќен случај пред неговите очи загинува татко му, а Симба не само што чувствува грижа дека не успеал да го спаси, туку и неговиот злобен вујко му ја разгорува вината, обидувајќи се да го протера од територијата и да му го одземе престолот на крал наследник.

9. Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

Филмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: анимација, романса

Јазик: англиски

Премиера: 22 ноември 1991

Главни улоги: Пејџ О’Хара, Роб Бенсон, Ричард Вајт

Времетраење: 84 минути

Кратка содржина: Таткото на Бела е заробен од еден страшен ѕвер и однесен во занданите на неговиот замок. Бела тргнува да го спаси, нудејќи му го на ѕверот својот живот во замена за слободата на таткото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Бојана Reply

    Мене еден од омилените филмчиња како мала, ми беше Jumanji 🙂

  2. Smiley Reply

    Lion King :)))))))))) <3

  3. irena Reply

    top e izborot,
    bravo devojko:)

  4. МЏ Reply

    Уфф, се наежив…. :)) Браво!
    Јас уште би ги додал „Мери Попинс“, „Волшебникот од Оз“ и сите долгометражни од Дизни до 1990 г.

  5. бубу Reply

    Значи сум пораснала со правилните филмови 😀
    од сите овие немам само 2 гледано

  6. BeLLaTriX Reply

    Harry Potter??
    drugite se super

  7. Dragec Reply

    Annie i Chronicles of Narnia

Напиши одговор на МЏ Откажи одговор