Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)

Филм за смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата…

Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Режија: Вуди Ален

Улоги: Вуди Ален, Алек Болдвин, Пенелопе Круз, Џеси Ајзенберг, Елен Пејџ, Роберто Бенињи, Алисон Пил

Времетраење: 112 минути

Јазик: англиски, италијански

Премиера: 6 јули 2012

Жанр: романтична комедија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (29 гласа, просек: 8.10 од 10)

Loading...Loading...

Доколку ви се допаднале „Вики, Кристина, Барселона“ (Vicky, Christina, Barcelona) и „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris), сигурно со нетрпение сте го очекувале и овој филм. Најновиот филм кој Вуди Ален го снима во европска метропола е инспириран од Декамерон на Џовани Бокачо, едно од најсјајните дела на ренесансата. Во него презентира четири приказни кои меѓу себе не се поврзани на друг начин освен со тоа што сите се случуваат во Рим.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Американката Хејли за време на летниот одмор во вечниот град го сретнува локалниот адвокат Микеланџело во кој се вљубува и планира свадба, а поради тоа во градот пристигнуваат нејзините родители. Штотуку венчаните Антонио и Мили пристигнуваат во Рим на меден месец, но тука ги чека првиот тест на нивниот брак. Римјанинот Леополдо живее сосема обичен живот со сопругата и двете деца пред ненадејно да се соочи со голема слава. Џек и Сали се студенти во Рим на кои на гости им доаѓа пријателката Моника, неуспешна актерка која многу го привлекува Џек. Со нив ќе се дружи и славниот архитект Џон, кој инаку е идол на Џек.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Фокусот на филмот цело време се префрла од една приказна на друга. Секоја од нив е интересна на свој мистериозен начин и ќе успее да ве задржи љубопитни до самиот крај. Темите кои провејуваат низ римските приказни се смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата, итн., а се прикажани на начин карактеристичен за филмовите на Вуди Ален.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Во сите сцени се чувствува духот на Рим. Филмот, всушност, е една прекрасна разгледница од овој град. Ален секако не смеел да ги изостави кадрите додека ликовите се воодушевуваат на шармот на преубавиот град додека сонцето бавно се спушта зад хоризонтот.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)„За Рим со љубов“ е ставен во жанрот романтична комедија, иако според својата необичност битно се разликува од останатите вака класифицирани филмови. Ако сте уживале во гледањето на „Полноќ во Париз“, ќе ви се допадне и овој филм, иако тешко е да се очекува дека ќе ве импресионира исто колку него.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Наташа Reply

    Одличен трејлер, ужасен филм!!! Никако не губете 2h од вашето време.

Остави коментар